Home News Левица на Апасиев му одговори на Латас, но упати прашања и до...

Левица на Апасиев му одговори на Латас, но упати прашања и до Јанко Бурек и Јани „Алфа“

По вчерашната остра колумна на новинарот Драган Павловиќ Латас, во која се занимаваше со Димитар Апасиев, денес одговор стигна од партијата на Апасиев, Левица:




„Од една страна додека ВМРО-ДПМНЕ коалицира со партии кои ги поддржаа уставните измени со кои Македонија го промени името и беше набутана во воен сојуз кој сега ја цица и онаа малкуте останата к рв од македонскиот народ, односно со партии како АЛИЈАНСА,




кои македонскиот народ не го ни признаваат а уште помалку ја респектираат неговата држава, од друга страна, истата партија, ВМРО-ДПМНЕ, целата своја машинерија ја активира во дискредитација на Левица и нејзиниот лидер Апасиев.




Лу ди-лото на ДПМНЕ отиде дотаму што за ваквата активност ги ангажираше најгнасните груевистички пулени, каков што е пример парекселанс Латас.

Овој „новинар“ покрај тоа што е познат по случајот за бесправно градење на викендички како и за случајот „тотал“ обвинет за даночно затајување, тој е познат и по признанието дека вестите на ТВ Сител,




на кои во времето на Груевски токму Латас беше уредник, се „куp тон-вести“, односно според неговите зборови: „Ние едноставно слепо исполнуваме сè што ќе побараат во секоја секунда“.




Каков е моралниот кредибилетет и личениот интегритет да на личност со вакво минато од својата „новинарска„ кариера му се даде простор во редакциите на медиуми кои себеси се нарекуваат професионални.




За да биде бруката уште поголема, во промоција на ваквиот напис на Латас – кој патем е полн со клевети и невистина, и тоа се сериозни невистини за кои, не само новинарската фела туку треба по службена должност да реагира и обвинителството – е промовиран од директорот на тв Алфа Јани Бојаџи како и Јанко Илковски.




Оттука би сакале да ги прашаме овие две лица, по својата позиција во медиумскиот простор, важни и влијателни личности:

– Прво, дали го прочитале текстот во целост?




– Дали имаат доказ за тврдењата на Латас во стиот текст, тврдења кои се серозен престап и нарушување на углед доколку се неточни?

– И на крај, дали вие, исто како и Латас, вашите медиуми сте спремни да ги претворите како што токму самиот Латас си ги опиша своите вести – „куртон медиуми“?




Previous articleД-р Стевановиќ од Инфективна објасни колку се возрасни имунизираните кои завршуваат на клиника
Next articleДенес црн ден во Македонија – од вирусот се упокоија 27 луѓе