Home Live Лиса Баута Шаќири објави исповед на антиваксер: Јас, која пред 10 години...

Лиса Баута Шаќири објави исповед на антиваксер: Јас, која пред 10 години очи вадев докажувајчи се, сега мислам поинаку

Лиса Баута Шаќири, на својот профил на социјалните мрежи, објави исповед на поранешен антиваксер:




„Пред 10 години очи ќе извадев на секој кој ми кажуваше дека треба да си вакцинирам 24 часа старо бебе со вакцина против Хепатит Б и БЦГ вакцина..

Денес, после 10 години не сакам да слушам никакви теории за вакцини!




Доволно сум мудра и паметна за да знам дека сум ТАПА за наука за која некој поминал 20 години во лабораторија, и некој кој последниве речиси 2 години не видел сонце работејќи на мисијата за спасување на светот.

Јас, еден од најстарите активисти против пр исилна вакцинација, СЕ ВАКЦИНИРАВ.




Прележав Ковид уште лани, фала Богу никого не заразив, и до скоро имав антитела…

Одлуката да се вакцинирам не ја донесов за да се заштитам себеси – мојот организам одлично се бореше против Ковид, и сигурна сум дека дури и да се заразев, повторно исто така добро ке поминев, НО, сега не е време кога човек треба да мисли само на себе!




Не се вакцинирав ниту за да си го заштитам семејството – 90% сме или вакцинирани или прележани.

СЕ ВАКЦИНИРАВ за да ги заштитам кревките луѓе, знајни и незнајни, кои поради здравствени причини не можат да се вакцинираат. Тие со автоимуни заболувања, тие со малигни болести, сите тие кои се борат секој ден со постра сни болести од вирусов.




СЕ ВАКЦИНИРАВ за да има еден извор помалку. СЕ ВАКЦИНИРАВ затоа што тоа го должам на секој од вас, на човештвото, и на Бога кој ме наградил со добро здравје.




Секако, вакцините имаат можни нус појави, исто како и секој лек. Свесно дозволив да влезе игла во мене, за да не влезе вирус во тебе.




Можеби оваа моја вакцина нема да ме заштити ни мене ни тебе, ама јас ќе спијам мирно зошто сум превзела се што можев за да спречам… другото е ВИС МАЈОР.

Имам доблест да признаам дека понекогаш, кога околностите се менуваат, знам да потклекнам.




Заради истата причина чуствувам гордост што научив да прифатам дека не секогаш сум во право. Без разлика дали сте за или против вакцини, СЕКОГАШ пресметајте го ризикот.

Јас сум УБЕДЕНА дека ризикот од Ковид за целото општество е поголем од ризикот за мене, од една вакцина.




Нема никого да убедувам, од пред 10 години сум си ветила дека нема да дебатирам на тема вакцини.

Бидете живи и здрави, свесни и совесни, и помогнете секој на свој начин да го спасиме светот од се што е неубаво, па и од вирусов. Со многу љубов!

Previous articleХрватските стручњаци зборуваат исто како Филипче – еве кај кого се губат побрзо антителата
Next articleЈанко „Јади Бурек“ одговори на Левица на Апасиев