Home News Тамара Јованов проговори за Заев, Мицкоски и Латас

Тамара Јованов проговори за Заев, Мицкоски и Латас

Статус на Тамара Јованов:




„Заев: Левица е радикална, не можеме во коалиција со нив!
Мицкоски: Левица е сателит на Заев, ама ако сакаат, ние би да коалицираме со нив.

Ефтов: Дали Левица одработува за ДПМНЕ?




Латас: Левица за СДС е исто што и Шешељ за Милошевиќ.

Која е логикава во нелогичниве муабети? Заев знае дека не можеше да ја поткупи Левица и дека се опасни за корумпираните и предавниците ако дојдат на власт.




Мицкоски знае дека Левица расте со неверојатна брзина и не може да се помири со фактот дека народот лидер на опозицијата гледа во Апасиев, а не во него, па не може да се реши дали треба да соработува со Левица или да ја мрази. А од Левица му зависат избори на градоначалници, а богами и формирање Влада.




Ефтов и Латас се комплетно небитни и испеани песни, кои едноставно се плашат дека кога нема да имаат моќ нивните спонзори, нема да има кој да ги финансира, па се тепаат за преживување на долг рок.




Сета среќа што на политичката сцена се појави Левица, оти сега ќе требаше пак да се бира меѓу помалото и поголемото зло, кога всушност двете зла се еднакво големи и докажано штетни.




За разлика од глас за зло, сега ќе можеме да дадеме глас за луѓе кои имаат цврста идеологија, принципи, се докажано непоткупливи и се искалени фајтери, кои знаат да истраат во лу дил ово.




Левица им го одзема сонот, им го покажа вистинското лице и на едните и на другите, додека едновремено се бори за запирање на штетите и промените кои ни се нужно потребни за да не’ биде.




Левица за многумина е последна надеж, но пред се’ се непокорливи борци, кои со повеќе сила во општините и парламентот, можат да ни обезбедат вистинска шанса за подобра иднина.




На почеток им се смееја, а сега се плашат. И треба да се плашат, си заслужиле.„

Previous articleМицкоски со писмо до според него, идниот градоначалник на Штип
Next articleВиолета: Комшии ми кажаа дека додека сум била на работа дошле од Црвен Крст, фала им, но мене не ми треба помош