Home News Виолета: Комшии ми кажаа дека додека сум била на работа дошле од...

Виолета: Комшии ми кажаа дека додека сум била на работа дошле од Црвен Крст, фала им, но мене не ми треба помош

Вчера на социјалните мрежи се споделуваше статусот на самохраната мајка Виолета Аврамоска од Охрид.




Таа вели дека добила помош од Црвен крст, но ја одбива поради тоа што смета дека треба да се даде на оние на кои повеќе им треба.

Штотуку ме информираа соседите дека вчера додека бев на работа , кај мене дома дошле од Црвен крст и ми носеле некаков пакет.




Им благодарам на Црвен крст што се сетиле на мене и на моето дете, иако се прашувам од каде јас на нивниот список.

Претпоставувам пред избори ги побарале сите самохрани родители, па така и јас сум се нашла на нивниот список.




Е, вака другари. Јас веќе 8 години се борам сама во животот. Кога почина мојот сопруг ќерка ми имаше три и пол години. Јас бев невработена.

Да, тропав по сите врати, кои ми ги затвораа пред нос. Тогаш беа на власт ВМРО ДПМНЕ.




Потоа се промени власта. Истото го правев и кај новата власт на СДСМ. Но и нивните врати ми беа пред нос затворени.

Но, никогаш не побарав помош. Секогаш барав работа. Не сум од оние кои бараат помош, ниту социјална, ниту од Црвен крст. Сметам дека само болен човек има потреба од помош . Здрав човек може да работи и да заработува.




Значи, уште еднаш благодарам што сте се сетиле на мене и на моето дете, но јас работам и заработувам леб за моето семејство, со моите две раце.

Понекогаш ми се исечени, раскрвавени, понекогаш изгорени, но лебот што го јадеме со ќерка ми е многу сладок.




Сигурно има семејства на кои им е потребна помошта која сте ја намениле за мене, па еве јас од срце би ви препорачала да ја однесете таму каде што е потребна. Лицемерие до бескрај.

Таа инаку реагираше на обајава на министерката за образование Мила Царовска дека децата ќе бидат посреќни со дигиталните учебници.




– Мила Царовска добро е да кажиш како учениците ќе бидат пресреќни кога немаат уреди од кои можат да учат од тие твои дигитални учебници.

За таа твоја идеја, државата наместо да троши за лубри-канти, за апетисани, за морска храна, за тренирање магариња и магарици и.т.н треба да обезбеди компјутер за секое дете, бесплатен интернет за секое семејство.




Освен за учениците тоа треба да се обезбеди и за наставниците, бидејќи едно не си разбрала госпоѓо арогантна, ниту родителите, ни наставниците не земаат министерска плата како тебе, туку одвај преживуваат.

И оние какви такви компјутери кои ги имавме веќе ,, цркнаа” од минатогодишната онлајн настава.

Доста леташ во облаци министерке, спушти се малку на земја и види ја бедата и сиромаштијата во која живее овој напатен македонски народ после триесет годишното пустошење на криминалните банди кои го донесоа народот до питачки стап.




P.S. Земи го со тебе и другар ти Заев, да види каков е животот што го донесе“, рече Аврамоска на Фејсбук.

Previous articleТамара Јованов проговори за Заев, Мицкоски и Латас
Next articleПо 30 години главен во кафани, сега мора да седам на клупа пред „Драмски“ – статус на музичарот Коки (ФОТО)