Home News Заев порачува: Тие имаат право на протести, но граѓаните имаат право на...

Заев порачува: Тие имаат право на протести, но граѓаните имаат право на здравје

Владата започна кампања наречена „Вакцинирај се“ чија цел, меѓудругото, е и спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста.




Премиерот Заев и министерот Филипче на денешната прес-конференција порачаа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат единствен начин за надминување на пандемијата.

„Секој глас за вакцина е глас за спас на живот. Затоа апелирам, да ја прифатиме пораката на кампањата „Вакцинирај се“.




Да се вакцинираме за да се собираме повторно заедно, за да се вратиме на нормалниот живот. Сите да направиме чекор кон таа цел.

Да го поттикнеме трендот на вакцинацијата, да ги охрабриме граѓаните, да ги видиме повторно широките насмевки на лицата, без маски, да ги вратиме прегртаките, за тоа ја лансиравме кампањата, а повикот е јасен, вакцинирај се.




Вакцинирај се за да се вратат и артистите на сцените, за да се врати публиката на спортските арени“, рече Заев.

Тој им порача на антиваксерите дека протестот е уставно загарнтирано право, но исто такво право е и правото на здравје.




Заев и Филипче предупредуваат од новиот бран на делта сојот на вирусот и оценуваат дека иако бројот на вакцинираните се зголемува, опфатот се уште не е доволен.

Министерот за здравство апелираше до младите да се вакцинираат за да се заштитат и себеси, но и постарите.




„Имаме пораст на вакцинацијата, но се уште сме далеку од потребниот опфат и излез од кризата. Би сакал на младите да им порачам, вакцинирајте се, заштите се себе си и своите најблиски“, рече Филипче.

Кампањата ќе се фокусира и на борба со дезинформациите кои ги збунуваат и ги плашат граѓаните.




„Наша цел е да ги разбиме митовите и невистините за вакцините.

Ќе побараме поддршка од сите лекари, експерти, лидери…“, вели Филипче и најавува дека Лекарската комора ќе излезе со став за медицинските лица кои шират лажни информации на социјалните мрежи.




Previous articleПо 30 години главен во кафани, сега мора да седам на клупа пред „Драмски“ – статус на музичарот Коки (ФОТО)
Next articleД-р Стевановиќ од Инфективна објасни колку се возрасни имунизираните кои завршуваат на клиника