Home Live Миа Костова распали по матична лекарка која ја навредила во коментар

Миа Костова распали по матична лекарка која ја навредила во коментар

Миа Костова и возврати на извесна докторка која ја коментирала на социјалните мрежи:

„Во прилог, ценета докторка педијатар со име и презиме ме става во коментар собирајќи за мене како донација пари за филерче и праменче.




Госпоѓо Којич, мојата професија и моето образование не се админ на фб група, со она што го работам можем да ви овозможам филери и праменчиња до крај на живот без да извадите денар, при тоа примањата од она што го работам ми се високи колку и вашите па ќе ве замолам да не се трудите околу донациите.




Сликите понатамошни и линкот овде е вашиот очаен обид за инфлуенсерство или блогерство од пред неколку години. Вие имате јутуб канал и блог на кој раскажувате за кремички и карминчиња. Нешто што го потценувате кога го правам јас.




Ве здоболе бројката на мои следачи? Навистина? Моето скромно искуство со пријатели доктори кои се посветени на работата ми вели дека онолку текст на блогчиња за лакчиња доктор нема време да пишува и да монтира јутуб видеа за креми. Fifty and polished… ох боже.




Не бидете еготрип, почитувајте сечија работа, не знаете кога ќе ви затреба. Во случајов, овој линк овде ќе крене гледаност затоа што ЈАС го ставам. Или, кој за што учел. Во прилог ТУКА




како и линк до блогот на докторката Којич која ќе собира пари за праменчиња ТУКА (онолку текст на толку работа како педијатар мора да е добра организација).




Да повториме, високо образувани личности како вас не е убаво да вреѓаат. Можете вака како мене достоинствено да кажете што мислите за некого. А сега, вратете се на линковите за вакцини ако најдете време од лакирање.




Друга епизода, со следен недоличен коментар кој не сум го заслужила.

После славата која ќе трае кратко после овој пост може треба да размислите да го живнете јутјуб каналот пак. Нема проблем, ќе ми заблагодарите друг пат“, напиша Миа на својот профил на социјалните мрежи.




Previous articleГерманија има потреба од преку 400 илјади работници, кажаа кои струки се дефицитарни и како планираат да стигнат до работна сила
Next articleПеев по свадби, со мене најголем бакшиш се зема – Гоце Тодоровски откри непознати детали за себе