Home Live Пеев по свадби, со мене најголем бакшиш се зема – Гоце Тодоровски...

Пеев по свадби, со мене најголем бакшиш се зема – Гоце Тодоровски откри непознати детали за себе

Еден од најпознатите наши актери кој е почитуван кај сите генерации раскажа многу интересни нешта за својот живот. За жена му, за неговиот другар Ванчо Петрушевски, за Македонските приказни, за колешката Шенка Колозова, во емисијата „Магазин“ на „Сител“.




-Ви се ближи јубилејниот 70 роденден,како ќе го прославите, што ќе си посакате?

-Јас навистина сега на 30 април полнам 70 години. И никој не ми верува дека имам 70 години, дури ни јас не верувам дека имам толку години, затоа што не се чувствувам дека имам толку години.




Сакам да кажам дека и мојата драга сопруга исто е родена на 30 април, само што е помлада од мене точно 4 години. Кога се запознавме ја прашав: Кога си родена? На 30 април. Ѝ викам: ти ме зез-аш мене, си ја видела мојата лична карта.

Така да во исти ден славиме роденден, а не си купуваме подароци. Се шегувам“, рече Гоце. Потоа зборуваше за омилените Македонски народни приказни кои и сега ги снима.




-Во моментов снимаме ете, шуќур што Сител еве смогна сили да снима повторно Македонски народни приказни. Од старата екипа останав уште само јас и Владе, Ванчо за жал ни отиде. Шенка пишува сценарија, од време на време игра.

Сега се вади демек, стара сум многу, не изгледам убаво на камера, ваму-таму, а јас ѝ викам: Па Шенке, баба некој мора да игра. Јас сега играм дедо, како играм дедо, а не личам? И така снимам Македонски приказни, ги синхронизираме турските серии.




Тие се доста гледани, гледам дека народот ги прифати особено онаа постарата генерација, особено зашто не е титловано, овде не им бега титлот, така да тие не доживуваат како да навистина ние да играме“, рече актерот.

Тодоровски откри и дека гледа турски серии и зошто: Гледам, за да видам зошто сум толку добар, хахаха, рече Гоце.

Потоа, тој ја раскажа онаа приказна за Ванчо Петрушевски во која вели дека биле другари 50 години, и дека Ванчо е заслужен што Гоце од Градежен факултет се префрил на Факултетот за Драмси уметности и станал актер.




-Јас во едно интервју реков дека повеќе имам спиено со него отколку со жена ми. Повеќе часови имам спиено со него во соба, отколку со жена ми.

-Ајде куме, оди на приемниот испит, рече Гоце за тоа како Ванчо го натерал да оди на глума. Јас ќе се пријавам, ако ме примат што правам? Ќе видиме после, рече Ванчо.




Мене ме примија, заедно со Ѓокица Лукаревски. Дури кога завршив трета година, тогаш кажав дома дека сум на глума, до тогаш криев. Татко ми му се крена косата. Рекоа: Ах, тој Ванчо, Ванчо. Знаеја дека тој ме натерал“.

Потоа, Гоце раскажа и како неговите дознале дека веќе тој всушнст студира на Градежен факултет. -Еве како дозна фамилијата моја:

Дојдоа гости и прашаа: Како Гоце? Татко ми рече: Синот мој е одличен. Синко, донеси го индексот. Јас велам: Кој индекс да го донесам? Па од Градежен Факултет.




Па имам два. Како бе два? Кога видеа, на Драмски трета година, сите испити положени. Знам дека само им реков: Ќе сторам се, еден ден вие да се гордеете со мене. И едно време паралелно ги терав двата факултета ама не можев. На Драмски требаше да се поминува цел ден“, откри Гоце.

Тој рече дека го наследил ведриот дух од мајка му и дека одлично знае да пее.




-Јас сум на мајка ми, таа беше весел дух и песнопојка. Јас исто така доста добро пеам, познато им е на сите овие музички групи. Нема музичка група во Македонија со која не сум пеел. Дури ме канат и на свадби да одам таму да пеам со нив, зашто кога одам јас да пеам со нив многу пари им даваат“, рече Гоце Тодоровски.

Потоа раскажа интересна анегдота од Македонските народни приказни:Со Ванчо и со Колозов, Колозов игра цар и зашто жена му Шенка ги пишуваше сценаријата, а Колозов многу сакаше да јаде толумби, Шенка стави во сценариото дека царот додека чека, јаде тулумби.




И сега тој ја држи вака тацната и му вика на снимателот: Ќе изедам една толумба, и втората кога ќе ја каснам, ќе влезе Ванчо. И јас после му кажав на Ванчо што да му каже на Колозов. Ја држи тацната и ја изеде едната и вика: Ммм, што се убави.

И втората ја јаде, и доаѓа Ванчо сиромав, да му се жали на царот. Царот му вика: Чекај малце, ти гладен си? Гладен сум- вика Ванчо. Сакаш троа тулумба? А Ванчо ја гледа толумбата и вика: Не. Зошто -му вика Колозов. А Ванчо му вика: Ми е гнас.

А Козлов нема појма, и тој почна природно да се смее. Ние почнавме да бегаме сите, а Колозов му вели: Од што ти е гнас бе копук еден, нема куче од што да те касне, тебе ти било гнас“, хахаха.




Гоце рече дека за неговите син и ќерка тој инсистирал да не се занимаваат со глума зашто знаел колку е тежок патот на актерите. „Ќе живее во сенка моја. Јас да не се фалам, ама јас многу постигнав како актер. Ќе биде срамота тој да се натпреварува да биде подобар од мене“, рече Гоце.

Previous articleМиа Костова распали по матична лекарка која ја навредила во коментар
Next articleДенес повторно нов рекорд во овој бран – 32 упокоени, еве од кои градови