Home News Апасиев доцна синоќа објави нумера од „Меморија“: Црвено вино, црвени знамиња

Апасиев доцна синоќа објави нумера од „Меморија“: Црвено вино, црвени знамиња

Синоќа Петар Георгиевски Камиказа, на својот профил на социјалните мрежи, го објави неговиот план за кандидатура за градоначалник на Скопје..

Тој правеше анализа на средините каде живеат доминантно макесонско и доминантно албанско население и донесе одредени заклучоци:




„Анкети и кандидатура за градоначалник на Град Скопје. Помина извесно време и еве со вас ги споделувам согледувањата од неколкуте анкети кои го кажуваат следното:

Скоро во сите општини со мнозинско македонско население разликата помеѓу мене и Петре Шилегов е речиси дупла во моја корист, но во немакедонското население скоро во целост односно 93% оди во корист на Петре Шилегов.




Ова не е воопшто изненадувачки и шокантно знаејќи ја моменталната поставеност на терен, но за мене нај шокантно и во најмала рака збунувачки е што во анкетите што се направени, оние деца кои се родени во независна Македонија, кои од прилика имаат од 18 до 30 години мене ме познаваат само 13% а Шилегов 65% ?!?!




Токму овој факт беше причината за која се колебав овие денови да ја финализирам мојата кандидатура за градоначалник.

Обично не се откажувам така лесно, и направив едно мало истражување, да видам каде можам да најдам начин, да ме запознаат поголем дел од триесет годишњаците кои го познаваат Петре Шилегов повеќе од мене ?!




Испадна дека единствена политичка партија чие гласачко тело ги има токму овие гласачи, е ЛЕВИЦА.

Со нивна поддршка како независен кандидат, шансите драматично се зголемуваат да се анулира разликата или со други зборови, победата е речиси блиску.

Ако кампањата која ја водам го погоди неопределеното гласачко тело победата е на праг, се разбира заедно со сите вас.




Доколку вашата поддршка остане за мене како НЕЗАВИСЕН кандидат поддржан од ЛЕВИЦА со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој .

Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал друго решеније нема, ова е единствено.




Значи да повторам НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ за градоначалник на Град Скопје, со поддршка на ЛЕВИЦА.

Немам ништо што да кријам од вас, еве го споделив можеби единствениот начин да го симнеме овој КРАДОНАЧАЛНИК.




П.С. Вашите мислења и понатаму ми остануваат драгоцени, имаме 48 часа за заедничка одлука. Искрено ваш, Петар Георгиевски Камиказа.




По статусот на Георгиевски, доцна синоќа, лидерот на Левица Димитар Апасиев, на својот профил на социјалните мрежи објави многу позната нумера од „Меморија“, групата во која настапуваше Георгиевски.

Дали ова значи дека Левица и официјално ќе објави дека нивни кандидат за градоначалник на градот Скопје ќе биде Петар Георгиевски Камиказа, останува да дознаеме можеби уште денес.




Previous articleПеро Камиказа кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од Левица?
Next articleЌе ги интересира Македонците од дијаспората: Ова се потребните документи за влез во државата