Home News Ќе ги интересира Македонците од дијаспората: Ова се потребните документи за влез...

Ќе ги интересира Македонците од дијаспората: Ова се потребните документи за влез во државата

Здравтсвените власти деновиве почнуваат кампања за подигнување на свеста и што поголем број имунизирани луѓе.




-Вакцините се единствениот начин да имаме извесна иднина. Да ја дигнеме на нозе економијата и да ги јакнеме работните места. Да ги одмориме здравствените работници, за да можат да се вратат на својот редовен начин на работа. Вакцините се единствениот начин да спречиме повеќе губење на човечки животи.




Охрабрува фактот што имаме постојан пораст на вакцинацијата. Колку побрза имунизација и што поголем опфат на населението, толку побрзо ќе го пресечеме патот на ширење на вирусот и создавање на нови соеви.




Преку оваа кампања меѓу другото ќе се бориме и против низа дезинформации кои се уште циркулираат и ги збунуваат и заплашуваат граѓаните.

Наша цел е како и досега да ја испратиме вистинската информација и да ги разбиеме митовите и невистините околу вакцините. Во ова може да помогне секој кој смета дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата, објави министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.




Инаку синоќа Владата ја модифицираше одлуката за сетот мерки кои се со цел, превенција од голем број нови позитивни. Во таа насока, покрај ограничувањето на бројот на присутни на настани и во угостителски објекти, донесе одлука и за мерки на граничните премини.




-Странски државјани, како и граѓани на Македонија, од 1 септември ќе треба да покажат сертификат за имунизација, потврда за прележана корона или негативен ПЦР тест, одлучи Владата на вчерашната седница.




Според извештајот, граѓаните ќе можат да влезат во земјата доколку имаат сертификат за имунизација, односно дека примиле две дози против коронавирусот, како и ако имаат потврда за вирусот во последните 45 дена од ден на опоравување или медицинска потврда за негативен PCR тест стар не повеќе од 72 часа од влезот на територијата на Македонија.




Странските државјани, кои минуваат низ Македонија, ќе имаат пет часа да патуваат низ земјата, со претходно потпишана изјава на влезот во земјата, која треба да ја приложат на граничната контрола на излез од земјата.




Граѓаните на Македонија кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат негативен ПЦР тест, доказ за вакцината што ја примиле или прележан вирус, ќе треба да поминат најмалку седум дена во карантин.




Previous articleАпасиев доцна синоќа објави нумера од „Меморија“: Црвено вино, црвени знамиња
Next articleЛекарска комора се придружи на сугестиите на проф. Даниловски – проговорија и за докторите антиваксери