Home Live Зорица Црношија во една прилика прозборе за сопругот Трендо

Зорица Црношија во една прилика прозборе за сопругот Трендо

Некогашната водителка и новинар, а сега маркетинг директор Зорица Црношија е жена којашто зрачи со шарм и убавина. Зорица му е сопруга на Сашо Мацановски- Трендо и имаат две деца, Мате и Бела.




– Јас обожавам силни, стабилни, бестрашни жени, со стратегија за приватен и професионален успех уште во раната младост. Жени што имаат визија за иднината, мотивирани, истрајни и фанатично издржливи.

Жени со големи срца, кои својот успех и супериорност го базираат на емпатија, подготвени да ја стават грижата за другите над своите интереси.




Жени што ја почитуваат личноста на секој поединец и го зајакнуваат неговиот потенцијал“, рече таа во едно постаро интервју за Женски магазин.

Зорица беше гостинка во емисијата „15 минути со Нина“, на телевизија „Телма“, и зборуваше за тоа каква личност е , за семејството, но и за сопругот, Трендо.




– Знам дека во позадината на мозокот ми работи тоа, дека некои нешта не ми се средени, се додека не се средат, тоа ме обременува, ако нешто друго не е средено, од друг аспект, и тоа ме терети.

Постојано сум во некоја трка да направам баланс и со малото реализирано, меѓутоа не сум таков тип, просто сум проблематична.




Семејетсвото не го оптеретувам. Мајка ми мене ме оптеретувала во детството со нејзните опсесии, јас не ги оптеретувам моите, иако знам на моменти да има епизоди, нели, кризи во кои така ќе проповедам, што треба да се прави, како треба да се прави.

Во таа смисла ги иритирам, така што не сакам мојата тежина да ја пренесам на нив и да го живеат животот како што го живем јас.




Осознавам дека ми создава немир, но јас упорно го живеам тој квалитет што го живеам, во таа смисла, не сакам тие да го прават истото“, раскажа Зорица за своите амбиции и за својот карактер.

Потоа, со новинарката Нина Стефанова продолжија на тема семејство.




– Јас сум многу трпелив човек, особено со сите дома, затоа што е инволвирана љубовта тука, нели, ги трпам, хахаха. Мислам дека сум многу мека мајка. Постојано се обидувам да се ставам во нивна кожа, знам како им е на тие години, 10 и 14, мене како ми било, низ што сум поминувала, секогаш гледам на да бидам сочуствителна во она што го живеат.




Децата ме направија подобар човек, и ме научија дека ради нив сум се научила, сите мои грешки во минатото да ги корегирам, контра теза на сето она што сум го правела во младоста. Не знам, ми дадоа причина да се корегирам“, рече таа.

Потоа, разговорот продолжи за Трендо, по прашањето на новинанарката дали се уште стои на Ставот дека е среќна што се омажила за него, по што Зорица потврдно одговори.




– Ние сме ден и ноќ, различни сме, апсолутно на прв поглед некомпатибилни. Тој е боем, човек којшто сака да ужива во животот, јас сум стрикна, многу дисциплинирана, многу Германец.

Меѓутоа, некако функционираме, просто, во основата на нашето заедништво се заедничките верувања во квалитетот на животот и филозофијата што сакаме да ја изградиме како семејство, како унија и како заедништво со нашите деца.




Тоа верувам дека не спојува и една љубов којашто ја имаме еден за друг. И не се каам, никако, он ме спаси од многу глупости, заедно сме 19 години“.

– Верувам и дека ти него го спаси“, испоментира новинарката, на што Црношија одговори: Сигурно. Убедена сум. И така, 19 години сме заедно, јас можам да кажам дека уживам.




Previous articleНа враќање од одмор во Грција ни пишаа казна 700 евра и ни ги зедоа таблиците – сега не ги враќаат, не можеме да се вратиме
Next articleПеро Камиказа: Ќе победам на 17 октомври, а на сите вас партијаши што сега ме оцрнувате ќе ви простам