Home News Битолскиот професор Трајковски со многу позитивни вести – врвот на бранот е...

Битолскиот професор Трајковски со многу позитивни вести – врвот на бранот е тука некаде

Битолскиот професор по Механика Дејан Трајковски, кој прави анализи на официјалните ковид бројки, денес на својот профил на социјалните мрежи напиша:

„27.08.2021. Ефективниот репродукциски број Rt, поточно неговата седумдневна просечна вредност практично е на единица.

Меѓутоа, бидејќи ова е задоцнет индикатор, деновиве преносливоста е веќе единечна, па дури и малку под единечна. Со други зборови, епидемијата започна да забавува.

Ова најдобро го гледаме на дијаграмот на втората слика, за дневниот број на нови случаи во логаритамски координати. Забележуваме дека последните 4 дена имаме линеарно намалување на логаритамот на дневната промена, а тоа значи нејзино експоненцијално намалување.

Оттука дури можеме да предвидиме дека до 10 септември дневниот број на случаи би опаднал најмалку до 500, ако не и повеќе, знаејќи дека близу врвот наклонот е помал, а потоа се зголемува.

Подвижната средина (зелената линија) е веќе рамна, што значи дека во просек во изминатите 7 дена дневните броеви во просек стагнирале со растот.

На фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи, на третата слика) забележуваме дека бројот на активни случаи забавува со раст, а максимумот ќе бида достигнат при околу 15.000 случаи, за околу 6 дена (во насока на портокаловата стрелка).

Приближно во исто време ќе настапи и врвот на бројот на смртни случаи, но истиот не би требало да искачи многу над 40 случаи дневно (на дијаграмот на четвртата слика. Инаку ова е дваесетипрвиот најлош ден според дневниот број на починати. Звучи нестварно, но дури 20 дена биле поцрни од денешниот.

Заклучно со денеска, 27.08.2021, бројот на починати од Делта сојот се искачи на 330, од околу 7.655 дијагностицирани, со што стапката на леталитет останува натпросечно висока, цели 4,31% – една од највисоките на светот, особено во ова време на вакцини.

Повисоки стапки (додуша од почетокот на епидемијата до денес) имале земји како Вануату, Јемен, Перу, Мексико, Судан, Сирија, Еквадор, Египет и Сомалија.

Previous articleКарти со цени под 20 евра – Визер ги израдува Македонците во дијаспората со новите линии кои ги воведе
Next articleМиа Костова: Бидна. Џабе лаев. Шо би рекле овие од инбокс ‘ќе ја стаиш и ќе пееш’ Еве. У право биле