Home News Максим се отвори на Сител: Не, јас не му свртев грб на...

Максим се отвори на Сител: Не, јас не му свртев грб на СДСМ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во интервју на Сител,  проговори околу реакцијата од СДСМ, откако тој најави дека ќе биде независен кандидат на локалните избори

Граоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вели дека со тоа што одлучил на овие избори да биде независен кандидат, не го свртел грбот на социјалдемократската идеја, а најмалку на членовите на Социјалдемократскиот сојуз каде што член.

Во интервју за Сител тој одговараше на реакцијата од СДСМ, откако тој најави дека ќе биде независен кандидат на локалните избори, во која се вели дека „тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци“.

„Но, за жал исто така нема да дозволам и да бидам составен дел на одредени политички интриги на поединци во склоп на мојот политички субјект коишто извршуваат одговорни и политички функции.

Затоа ја послушав иницијативата на граѓаните и денеска се одлучив на ваков потег. Се заблагодарувам на сите кумановчани коишто денеска дадоа масовна поддршка на една ваква иницијатива бидејќи сепак тие заслужуваат почит и признание“, додаде Димитриевски.

Димитриевски, во врска со концептот, рече дека се залага за граѓанскиот пристап.

„Впрочем, така и ја извршувам оваа одговорна функција градоначалник како градоначалник на сите граѓани на општина Куманово, притоа не делејќи ги на политичка,

верска или било каква етничка припадност, бидејќи сепак градоначалничката позиција е да се биде градоначалник на сите.

Целата оваа иницијатива дојде токму од граѓаните и голем број на поддржувачи, членови и активисти и симпатизери коишто дојдоа и побараа од мене покрај внатрепартиската постапка да излезам со еден ваков концепт и да побарам граѓанска поддршка.

Во секој момент сум отворен и верувам дека моето актуелно политичко раководство на партијата ќе изнајде начин и сили до последен момент да подржи една ваква кандидатура“, рече Димитриевски.

Актуелниот градоначалник на општина Куманово попладнево објави дека веќе го собрал потребниот број граѓански потписи за независната кандидатура, откако утрово најави дека за уште еден градоаќалнички мандат ќе се кандидира како независен.

Previous articleМиа Костова: Бидна. Џабе лаев. Шо би рекле овие од инбокс ‘ќе ја стаиш и ќе пееш’ Еве. У право биле
Next articleГоран „Сакам да кажам“ проговори кој тоа ги прави независните листи за советници