Home Live Миа Костова: Бидна. Џабе лаев. Шо би рекле овие од инбокс ‘ќе...

Миа Костова: Бидна. Џабе лаев. Шо би рекле овие од инбокс ‘ќе ја стаиш и ќе пееш’ Еве. У право биле

Една од нашите најпознати водителки, Миа Костова, последнава година, откако ја прекина соработката со „Бекстејџ“, се посвети на своите профили на социјалните мрежи.

По примерот на светски познатите личности, кои својата популарност добро ја „уновчуваат“ и Миа се проба во инфлуенсерството и прилично добро и оди.

Може да се забележи дека рекламира неколку познати брендови, а во свое интервју, таа истакна дека и се допаѓа оваа работа, бидејќи е сам свој газда: „Кога сакам работам, кога сакам одмарам!“

Миа Костова ова лето го помина во албанското летувалиште Дерми, каде работеше на промоција на туризмот. Како што истакна во денешен сттус, после 80 дена, заедно со својата пријателка Тијана Скулиќ и својот син, конечно се враќаат дома.

Миа Костова важи за остар противник на задолжителната вакцинација. Оние кои ја пратат оваа тема на социјалните мрежи, знаат дека Миа со години влегува во „вечните“ полемики, дали треба или не треба вакцина.

Но, Миа денес, своите фанови ги изненади со фото, за кое многумина помислија дека на сликата е токму таа, како прима вакцина.

„Бидна. Џабе лаев. Шо би рекле овие од инбокс ‘ќе ја стаиш и ќе пееш’ Еве. У право биле“, напиша Миа.

Миа е саркастична и во коментарите, но оние кои подобро ја пратат естрадата, одма сфатија дека се работи за српската пејачка Наташа Беквалац, а Миа прави шега со своите фанови и пријатели.

Наташа Беквалац денеска ја прими третата доза вакцина против вирусот. Со овој потег, популарната пејачка сака да ги охрабри граѓаните да го сторат истото, со цел што е можно побрзо нормализирање на животот.

Досега се придржував до мерките и не го прележав вирусот. Апелирам до сите да го сторат истото и да се имунизираат – истакнува Ната.

Беквалац тогаш откри дека ја избрала вакцината „Фајзер“ за сите три дози.

– Раката не ме боли. По вакцината се чувствувам подобро од вообичаено. Страшно ми е жал што расте бројот на заразени

– рече таа по вакцинацијата. На овој настан присуствуваше и заменик -градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

Пред вакцинацијата на Наташа, големо внимание предизвика Јелена Карлеуша, која исто така одлучи да прими вакцина.

Previous articleБитолскиот професор Трајковски со многу позитивни вести – врвот на бранот е тука некаде
Next articleМаксим се отвори на Сител: Не, јас не му свртев грб на СДСМ