Home News СДК: Максим ќе биде независен кандидат

СДК: Максим ќе биде независен кандидат

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на претстојните избори на 17 октомври, откако матичната партија СДСМ не му даде поддршка.

Димитриевски денеска ќе ја достави кандидатурата во Државната изборна комисија (ДИК) и ќе започне со собирање потписи, потврдија од неговиот тим за САКАМДАКАЖАМ.МК.

На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници.

Кандидатурата на Димитриевски како независен кандидат уследи откако СДСМ не му даде поддршка за уште еден мандат.

Иако партијата уште калкулира и не го објавува името на кандидатот за Куманово, очигледно е дека Димитриевски не е фаворит и покрај тоа што има највисок рејтинг на анкетите.

На извршниот одбор на партијата, кој се одржа пред два дена, имало жестока расправија токму околу кандидатот за Куманово.

Кандидати за градоначалници на СДСМ покрај Димитриевски, се и пратеникот Мартин Костовски, Оливер Илиевски, секретар на СДСМ Куманово, претседателката на Советот Атина Мургашанска, директорката на Кумановската болница Снежана Захариева и поранешниот пратеник Љубиша Николиќ.

Извор: сдк.мк

Previous articleКолку дена по инфекцијата лицето е заразно – д-р Попадиќ објасни
Next articleШто ќе се случува вечер на Матка по повод големиот празник