Home News СДСМ: Максим му го сврте грбот на Кумановци

СДСМ: Максим му го сврте грбот на Кумановци

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на претстојните избори на 17 октомври, откако матичната партија СДСМ не му даде поддршка.

Димитриевски денеска ќе ја достави кандидатурата во Државната изборна комисија (ДИК) и ќе започне со собирање потписи, потврдија од неговиот тим за САКАМДАКАЖАМ.МК.

На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници.

Кандидатурата на Димитриевски како независен кандидат уследи откако СДСМ не му даде поддршка за уште еден мандат.

Иако партијата уште калкулира и не го објавува името на кандидатот за Куманово, очигледно е дека Димитриевски не е фаворит и покрај тоа што има највисок рејтинг на анкетите.

На извршниот одбор на партијата, кој се одржа пред два дена, имало жестока расправија токму околу кандидатот за Куманово.

Кандидати за градоначалници на СДСМ покрај Димитриевски, се и пратеникот Мартин Костовски, Оливер Илиевски, секретар на СДСМ Куманово, претседателката на Советот Атина Мургашанска, директорката на Кумановската болница Снежана Захариева и поранешниот пратеник Љубиша Николиќ.

По оваа информација, следеше реакција од СДСМ:

-СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро, велат од партијата.


Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци, стои во реакција од СДСМ.

Од таму велат дека за СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес.

Ваквата реакција следи по одлуката на Максим Димитриевски да оди како независен кандидат за градоначалник на изборите.

Димитриевски се уште официјално не ја соопшти ова информација, но најави прес конференција за попладнево.

Previous articleШто ќе се случува вечер на Матка по повод големиот празник
Next articleКој не е имунизиран, ќе биде тестиран на грчкиот граничен премин – позитивните во карантин