Home News Што ќе се случува вечер на Матка по повод големиот празник

Што ќе се случува вечер на Матка по повод големиот празник

Вечерва богослужба во дворот на манастирот во Матка, на полноќ бдение кое ќе заврши со Божествена литургија
ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

Како и многу години претходно, вечерва ќе се одржи богослужба во дворот на манастирот во Матка, а на полноќ бдение, кое ќе заврши со Божествена литургија.

Православните христијани утре го одбележуваат еден од најголемите празници Успение на Пресвета Богородица.

Во предвечерието на празникот и на самиот ден Скопјани најчесто го посетуваат манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, каде и годинава одбележувањето ќе биде согласно со мерките за Ковид-19.

Одбележувањето започнува попладнево во 17 часот со Вечерна богослужба која ќе се одржува во дворот на манастирот на отворено. На полноќ ќе започне бдение, кое ќе заврши со Божествена литургија.

Службата ќе почне во 8 часот утре (28 август) и исто така ќе се одвива на отворено. Со неа ќе чиноначалствуваат свештеници од Скопската епархија.

Традиционално утре во дворот на манастирот ќе се одржи крводарителска акција.

Сестринството од манастирот апелира да се почитуваат и да се спроведат мерките за колективна заштита за да се превенира ширење на вирусот на Ковид-19.

-Како што вели нашиот Архиепископ: Сега не е време за паника, туку за одговорност и кон себе си и кон ближните“, наведуваат од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Матка.

Previous articleСДК: Максим ќе биде независен кандидат
Next articleСДСМ: Максим му го сврте грбот на Кумановци