Home Live Вака изгледаат симптомите кај позитивен на вирусот, кој е имунизиран со две...

Вака изгледаат симптомите кај позитивен на вирусот, кој е имунизиран со две дози

Земјите членки на ЕУ, кои користат засилувачка доза вакцини против Ковид-19 може да се најдат во ситуација на зголемен правен ризик, ако за тоа нема одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА), пред преди Европската комисија во одговор на прашање на Ројтерс.

Како што пренесе Бгнес, иако ЕМА неколку пати изјави дека пред да одобри т.н засилувачки дози, потребни се повеќе податоци, осум земји од ЕУ одлучија да препорачаат дополнителна вакцинација, а најмалку уште десетина се очекува да го сторат тоа наскоро.

– Засилувачките дози во моментов не се дел од пазарното одобрение за вакцини против Ковид и не се предмет на научна евалуација од страна на ЕМА поради недостиг на доволно информации, се вели во одговорот. „Одговорноста за одлуката засилувачките дози да се вклучат во кампањите за вакцинација е на земјата – членка”.

Кога се појави делта сојот на коронавирусот, многумина симптомите ги препишаа на класичната настинка, но разлика сепак постои.

Најчестите симптоми на Ковид-19 се различни кај луѓето кои ги примиле и двете дози од вакцината против коронавирусот.

Познато е дека ниту една вакцина не штити 100 отсто од инфекцијата, но сите достапни вакцини покажале дека штитат од тешки облици на болеста.

Професорот Тим Спектор, епидемиолог од Кралскиот колеџ во Лондон вели дека според податоците на студијата ZOE Covid, целосно вакцинираните луѓе сега се 30 отсто од позитивните случаи во Велика Британија.

„Поради тоа важно е да бидете свесни на симптомите на Ковид-19 по вакцинацијата“, истакнува професорот.

„Нашите податоци покажуваат дека инфекцијата по вакцинацијатa потсетува на настинка, а главните симптоми се течење од носот, главоболка, кивавица, болка во градите, губење на сетилото за мирис“:

Во апликацијата ZOE Covid Study благодарение на која минатата пролет било откриено дека губењето на сетилото за мирис и вкус е еден од симптомите кој укажува на инфекцијата Ковид-19, Британците сега најчесто пријавуваат главоболка, воспаление на грлото, течење на носот – три симптоми кои се јавуваат во исто време.

Експертите и претходно сугерираа поради што вакцинираните луѓе пријавуваат различни симптоми. Луѓето со алергии киваат поради тоа што коронавирусот побрзо го активира имунолошкиот систем.

Поради тоа се смета дека оние чиј имунолошки систем е подготвен против коронавирусот поради вакцинацијата може да реагира на ист начин со симптоми на настинка или алергија.

Кивање „без објаснување“ исто така може да биде последица на алергија или вообичаена настинка.

„Доколку имате потреба да кивнете тоа задолжително направете го така што ќе кивнете во внатрешноста на вашиот лакот“, предупредил професорот Спектор.

Тој исто така додал дека голема е веројатноста овој симптом да се поврзе со коронавирусот поради тоа што моментално во Велика Британија нема многу вируси во игра меѓу возрасните.

Како што пренесува британски „The Sun“ симптомите на Ковид-19 кај луѓето кои ги примиле и двете дози од вакцината изгледаат вака:

– течење на носот (75 отсто);

– главоболка (73 отсто);

– кивање (67 отсто);

– болка во грлото (53 отсто);

– губење на сетилото за мирис (51 отсто).

Previous articleБранот како да спласнува но бројот на упокоени загрижува
Next articleКарти со цени под 20 евра – Визер ги израдува Македонците во дијаспората со новите линии кои ги воведе