Home Live Баба имаше три комшики во зграда со кои беше неразделна – еве...

Баба имаше три комшики во зграда со кои беше неразделна – еве што си правеа по цел ден

Најмногу на свет си ја сакав и многу сакам да раскажувам за баба ми. Таа беше велика жена, начитана и многу паметна, иако немаше завршено школо.

После вој ната работела во фабрика која денес не постои веќе. Нејзините пријателки, исто така, работеле во таа фабрика, во иста смена и седеле машина до машина.

Судбината сакала трите да живеат во иста зграда. Баба ми беше најстара од нив, па потоа тетка Донка, која од баба ми беше помлада 11 години и на крај тетка Ленка, од баба ми помлада 15 години.

Додека бев дете уживав да одам на гости кај сите три. Задолжително ми даваа слатко со чаша вода, а од креденците кои мирисаа на чисто и на нафталин, ми вадеа по некое бонбонче. “Не мораш веднаш да го изедеш, стави си го во џепчето”, ми велеа.

Секогаш си раскажуваа интересни приказни од младоста, како било пред војната, а како после неа. Честопати се расплакуваа кога ќе се присетеа на некој настан во текот на нивниот бегалнички живот и патешествијата во текот на војната.

Тоа почитување помеѓу нив, пиењето кафе во девет наутро, кога најпосле сите три беа во пензија, таа солидарност и помагање…не можам да ви го опишам.

Баба ми беше најстара и често страдаше од некакви болки, настинуваше и беше лошо…

А тие двете секогаш доаѓаа да и помогнат, па дури и преспиваа покрај неа, за да бидат сигурни дека нема да и се слоши сред ноќ.

Нивните деца им беа како родени браќа и сестри, па и ние внуците имаме сосем коректни и другарски односи.

Кога баба ми нè напушти, нејзините две пријателки плачеа, мислам дека повеќе од сите нас роднините. Една година подоцна, нè напушти и тетка Донка, а денес е жива само тетка Ленка.

Дојде кај мене во стан, а јас сега живеам во станот на мојата баба Марија, се приближи кон ѕидот и кога ја виде сликата од нив три, многу се расплака. Ова е доказ дека постои вистинското пријателство!

Previous articleСите и честитаат на Ирена Спасовска за нејзината храброст (ФОТО)
Next articleАпасиев: Лекар во МК за да се вработи мора да чека препорака од некој партиски сељак од кадрово