Home Live Ја повикувам жената поради која се степав и бев вљубен во неа...

Ја повикувам жената поради која се степав и бев вљубен во неа да ми се јави: Легендарниот екс ју пејач со апел

Екс Ју групата Пилоти, беше една од најпопуларнните во поранешна Југославија, и нивниот пејач и автор на хитовите Кики Лесендриќ.

Лесендриќ беше дел од жирито во музичкиот натпревар „Икс фактор“, во времето кога Даниел Кајмакоски се напреваруваше..

Токму тој секогаш го поддржуваше Кајмакоски и со воодушевување коментираше на неговите изведби.

„Као прича на мом длану“, „Свет је ле када сањамо“, „Лето је“ се едни од најголемите хитови на оваа група.

Но, еден од најголемите хитови на Кики Лесендриќ е песната „Таа ноќ се степавме со неа“, а пејачот сè уште ја бара мистериозната жена за која е создадена оваа песна.

Песната е создадена по вистински настан, кога Кики и неговиот пријател биле на одмор во Макарска во 1977 година.

“Тоа беше незаборавен летен одмор, благодарение на што се создаде една од моите најпопуларни песни. Заедно со Злаја и уште неколку пријатели, се одморивме на рибарската Макарска и имаше многу дискотеки и луди забави на плажите.

Тогаш се појави една убавица, и сите се вљубивме во неа, но мислам дека најмногу јас. Сакав да ја ќарам, таа ми даваше некои знаци, но испадна дека знаци давала и на други момчиња.

Таа вечер, ние од Белград од нашата екипа, и едени дечки од друг град, од Сараево, се степавме за неа. Иако поминавме неколку убави ноќни заедно, ниту еден од нас не ја доби, и таа вечер се степавме за неа“, се присети Кики.

Потоа, јас станав другар со тој противник од Сараево.

Пријателот на пејачот Злаја и сега живее во Сараево, а Кики го запознал пред многу години, при една посета на Сараево, а потоа заедно испратиле покана до мистериозна жена да се јави. До денес, таа не одговори.

“И Злаја и јас повторно би сакале да ја видиме жената за која се боревме. Се надеваме дека е жива и во оваа прилика ја покануваме да не контактира”, рекоа во една прилика.

Кики не губи надеж дури и понатаму, па затоа уште ја поканува да одговори на неговиот повик и да го побара, а тоа го стори на снимањето на емисијата „Студио“ во Белград.

Previous articleВучиќ не издржа, му пукна филмот: Оставете ми го семејството на мира
Next articleМицкоски: Слушни ме Марко што ќе ти речам од првиот ден да се зафатиш со реализација на ветеното пред граѓаните