Home Live Се појавија првите снимки од свадбата на деценијата на која Ердоган е...

Се појавија првите снимки од свадбата на деценијата на која Ердоган е кум (ВИДЕО)

Балканот е преокупиран со свадбата на деценијата.

Вчера во Сараево се одржа свадбата на годината. Јасмина Изетбеговиќ и Шамил Хумашкиќ го имаа Ердоган за свој кум, а нивниот втор кум (како и тие самите) останаа во сенката на турскиот претседател.

Босанските медиуми пишуваат за вториот кум на младенците, кој на венчавката пристигнал во кариран костум. Вториот кум на младенците е исто така интересен и има врски со Турција.

Станува збор за Омар Мусабеговиќ, долгогодишен пријател на ќерките на Бакир и Себија Изетбеговиќ, кој живее и работи во Белград..

Мусабеговиќ е претставник на турската компанија Тасиапи во Белград, која гради автопатишта во Србија и треба да го изгради автопатот меѓу Сараево и Белград, со средства од Турција, пишува Кликс.

Да потсетиме, еден милион конвертибилни марки, или нешто помалку од половина милион евра, наводно биле потрошени за свадбата на годината во Босна и Херцеговина.

На гостите пред влезот во сараевскиот хотел „Европа“ им биле одземени телефоните, а секој од 250 гости имале кодирани покани , за да се спречи влез на непоканети гости.

Речиси сите медиуми во регионот ја пренесоа веста за венчавката на внуката на Алија Изетбеговиќ и ќерка на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, а најголемото внимание на венчавката, наместо невестата,

привлече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше сведок на верската и на граѓанската венчавка. Пред свадбата, Ердоган го посети гробот на дедото на Јасмина, Алија Изетбеговиќ, а подоцна едвај се проби низ Сараево низ толпата што сакаше да го види.

Медиумите од БиХ пишуваат дека младенците и нивните гости славеле до доцна во ноќта, а во еден момент ја пееле „Да те није, Алија“.

 

Previous articleСимптомите не се исти – кај Делта сојот, за разлика од оригиналниот сој на вирусот, поретко се губи чувството за вкус и мирис
Next articleСите пренесоа дека Данска ги укинува сите мерки против вирусот, но никој не кажа зошто