Home News Вучиќ не издржа, му пукна филмот: Оставете ми го семејството на мира

Вучиќ не издржа, му пукна филмот: Оставете ми го семејството на мира

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека сегашната кампања што се води против неговото семејство е најб руталната што ја видел во животот.

Таа кампања е толку бру тална што никогаш и никаде во светото не сум видел да се води таква кампања. Имаше брутални кампањи против двајца други лидери, но не како оваа.

Тие немаат веќе што да им кажат, нема измислица за која тие не зборувале, рече тој. Вучиќ, исто така, даде примери за измислици кои се шират за неговиот брат.

Жал ми е што двајцата страдаат, сите страдаат, но тие страдаат најмногу. Што згреши Андреј, дали има украдено 619 милиони евра? Виновен е затоа што многу го сака својот брат и поради тоа што еден ден со своите бубрези нападна пендрак?

Што им направи мојот син, дали украде динар од некого? Тој што украде 619 милиони евра ви се фали дека почнал да заработува перејќи прозорци. Мојот син работи две години во обична продавница.

Што вие нему му замерувате освен што е мој син? Дека седел со некого, дека се сликал со некого? Па, јас се сликав со вас криминалци едни, вие што глумите угледни граѓани.

Тој нагласи дека сето тоа го боли и дека тие тоа многу добро го знаат.

Секако дека ме боли, секако тие го знаат тоа, дека сум приврзан кон моето семејство и тие го користат тоа, рече Вучиќ и додаде дека цело време го гледа линчот на една личност.

Аман луѓе, дали можете да ги оставите моите деца? Можете ли да го оставите моето семејство?

Јас сум единствениот кој не ги моли нивните медиумски газди да ги поштедат. Горд сум на фактот дека нема да им платам рекет.

Што се однесува до мене, можете да правите што сакате, нагласи Вучиќ.

Извор: Во Центар

Previous articleАпасиев: Лекар во МК за да се вработи мора да чека препорака од некој партиски сељак од кадрово
Next articleЈа повикувам жената поради која се степав и бев вљубен во неа да ми се јави: Легендарниот екс ју пејач со апел