Home News Директорот на Фајзер со лошо предвидување, но и со самоуверен оптимизам

Директорот на Фајзер со лошо предвидување, но и со самоуверен оптимизам

Колку е опасна ламбдата, мутација на вирусот што брзо се шири, особено во Јужна Америка?

Вирусот Ц37 , варијанта од Андите или едноставно ламбда. Можно е името на оваа мутација на коронавирус наскоро да се најде на насловните страници низ целиот свет.

Пред една недела, Светската здравствена организација го класифицираше овој вид во категоријата за набљудување , затоа што доведувал до чести инфекции и се појавил истовремено во неколку земји.

Поточно, 29 од нив, од кои седум се земји од Латинска Америка: Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и Чиле, пишува ДВ.

Варијантата ламбда првпат се појавила во август 2020 година во Перу. Скоро една година подоцна, таа мутација доминира таму со 82 проценти. Во Чиле, овој сој ја предизвикува секоја трета инфекција.

Хаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни заболувања во Светската здравствена организација, изјавил за ДВ: “Досега нема индикации за агресивно однесување на варијантата ламбда.

Иако постои можност за поголема стапка на инфекција, сепак немаме докажано истражување за споредување на делта со овој сој на вирусот “.

Варијантите гама и делта припаѓаат, како и претходните алфа и бета варијанти, на загрижувачките соеви (VOC, Variants of Concern).

Докажано е дека се повеќе заразни, потешко се контролираат и доведуваат до сериозни болести.

Хаиро Мендез-Рико вели дека вакцината е ефикасен лек против мутантните соеви: “Сите одобрени вакцини се генерално ефикасни против сите варијанти на корона во оптек ширум светот. Нема причина да се претпоставува дека тоа не е случај со ламбда соевите”.

Дали ламбдата е само почеток? Многу научници тврдат дека пандемијата ќе заврши само кога ќе се вакцинираат 80 проценти од светската популација. Дотогаш, може да се појавуваат нови варијанти на вирусот цело време. Мендез-Рико, сепак, уверува:

“Додека постои оваа можност, во моментов нема индикации дека овие варијанти се поопасни или доведуваат до зголемена смртност. Коронавирусот веројатно ќе стане заразен во својот еволутивен процес, но не и поштетен за домаќинот “.

Извршниот директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла, кажа дека верува дека еден ден ќе се појави варијанта отпорна на вакцините против ковид-19, но додаде дека Фајзер има разработен систем кој вакцината може да ја прилагоди на новата варијанта во рок од три месеци.

„Секој пат кога во светот ќе се појави нова варијанта, нашите научници почнуваат да ја проучуваат. Проверуваат дали тој сој е отпорен на нашата вакцина. Засега сè уште не сме идентификувале таква варијанта, но веруваме дека еднаш ќе се појави“, кажа Бурла за Фокс њуз.

Бурла додаде дека компанијата може да развие специфична вакцина за некоја одредена варијанта во рок од 95 дена од нејзиното идентификување.

Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во САД целосно се вакцинирани 62 отсто од возрасните, а 73,1 отсто примиле барем една доза.

Бурла кажа дека Фајзер исто така работи во моментов на вакцина за деца на возраст од 5 до 11 години и дека истражувањата за деца ќе бидат завршени во септември. Потоа компанијата планира да работи на вакцина за деца помлади од 5 години.

Кажа дека компанијата на вакцината на Фајзер/Бајонтек против ковид-19 ѝ дала ново име: Комирнати. На прашањето зошто едноставно не ја викаат „Фајзер вакцина“, Бурла вели дека проблемот е во законите.

Previous articleТрифун Костовски ја испофали Данела, но имаше и порака за неа
Next articleФОКУС ДОЗНАВА: Денес најверојатно ќе биде одлучено Митко Јанчев да ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ