Home News Трифун Костовски ја испофали Данела, но имаше и порака за неа

Трифун Костовски ја испофали Данела, но имаше и порака за неа

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска ги собра потребните потписи за нејзината кандидатура на претстојните локални избори.

Taa e родена Скопјанка, сопруга и мајка. По професија правник со дополнителна едукација на Универзитетот Оксфорд и Шефилд.

-Мојата професионална определба успешно се надополнува со бранењето на интересите на Сојузот на стопански комори со којшто раководам од 2014 година. Од 2018 година сум во раководната структура на Светската федерација на комори каде има 12.700 членови и сум една од четирите жени кои се носители на таа функција во светот.

Како личност и како претседател на Сојузот се залагам за поголема општествена одговорност на приватниот сектор во земјава, а за досегашната работа добив награда од Светскиот форум на бизнис ангели како најдобар пример кај жените во деловниот свет во Југоисточна Европа, соопшти Арсовска на својот ФБ профил каде ја сподели својата професионална биографија.

Таа е дел од меѓународната мрежа на експерти во Г20 каде работи на креирањето на политиките за интегритет и усогласување на регулативата на најсилните економии во светот и е една од основачите на Македонската асоцијација на жени претприемачи.

Пред две години Арсовска беше избрана за член во Бордот на Глобалниот комитет на жени лидери предводен од Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела.

Во овој комитет членуваат Колинда Грабар Китаровиќ – поранешната претседателка на Хрватска, Аменах Гуриб Фахим – поранешната претседателка на Маурициус, како и Мари Кристин Огли – претседателката на Светската асоцијација на жени претприемачи.

Од 2020 година, со согласност на Владата Арсовска е почесен конзул на Унгарија со седиште во Штип за да се зголеми соработката меѓу двете земји на економско ниво посебно во делот на источна Македонија.

Во 2019 година ја покренува иницијативата за учество на жените во климатска акција каде директно се преземаат мерки во институциите и приватниот сектор за намалување на загадувањето.

Член е на Гриновет проектот каде се вклучени 4 држави за развој на образованието за екологија со цел да се обезбедат услови за континуирано спроведување на зелена, инклузивна и одржлива економија. Член е и на партнерската кампања на Обединетите нации за Деловен климатски хаб каде во 78 земји малите и средните претпријатија почнаа активно намалување на емисиите на стакленички гасови и справување со климатските промени.

Арсовска на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и порача дека секогаш е и ќе остане транспарентна по сите прашања, пренесе порталот Скопјеинфо.

Во коментар под статијата, со свој коментар се огласи поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски кој го пофали сивито на Данела и и порача:

„Прекрасно цв .. Би сакал да ја видам нејзината визија за Градот Скопје. Почитувам реална и остварлива програма !

Ми причинува задоволство што кандидати од ваков маштап ке се натпреваруваат за оваа функција ! Браво за одлуката и борбата која е пред Вас ! Бидете силни ! Позз.“

Previous articleКолозова: Мењај Филипче, мењај советници. Донеси го Харис Бабачиќ, увези знање оти – не знаете како
Next articleДиректорот на Фајзер со лошо предвидување, но и со самоуверен оптимизам