Home News Аризанов: Го проследив краткото интервју на Перо Камиказа на Сител. Каква бламажа...

Аризанов: Го проследив краткото интервју на Перо Камиказа на Сител. Каква бламажа човеку

Следните локални избори, дефинитивно ќе ги одбележат „независните“ кандидати. ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја поддржи Данела Арсовска, а Левица застана зад актерот и музичар Петар Георгиевски.

Вчера на новинарско прашање дали се плаши од противкандидатот Петар Георгиевски-Камиказа, актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов порача дека ја очекува поддршката од граѓаните на изборите.

„Во мојот мандат, особено последниве две години во Скопје не се зборува за загадување затоа што тоа е драстично намалено. Сметам дека добро работев и граѓаните сакаат градоначалник кој се грижи за нивното добро.

Што се однесува до противкандидатот Георгиевски, мислам дека на Скопје му е потребен континуитет, а не луѓе што допрва ќе учат. Верувам дека добро работев во Скопје, а немам намера да се занимавам со ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Шилегов.

Аналитичарот Блаже Аризанов, во свој статус на социјалните мрежи, смета дека сепак, поддршката на Левица за Георгиевски е тотално погрешна:

„Го проследив краткото интервју на Перо Камиказа на Сител. Каква бламажа човеку.

Ужасен говор на тело, скрстени раце, затегнатост. Небаре седи на трње. Говор што упатува на претерана дефанзивност, небаре сака да каже – Што воопшто правам јас тука да ви се образложувам, зарем уште не ви е јасна чистотата на мојата намера, мали луѓе, ќе бидам неподмитлив, што уште сакате?

Неартикулираност. Недостиг на вербална траса во однос на идеите што ги образложува за град Скопје. Манифестација на досадна тинејџерска наивност (ќе ни ги украдат идеите). Нулта харизма.

Човекот едноставно не располага со технички речник по однос на областите што ги аргументира ниту пак сенс за Punchlines. Пре-налутен, пре-сериозен, оставајќи те да се чудиш зошто.

Не знам што мислеше Левица со поддршка на овој кандидат. Барем во последно време почна да остава впечаток на помасовен феномен, поддржан од нормални луѓе.

Овој потег ги врати назад неколку чекори во делот каде Левица повторно изгледа како да е составена од боемчиња, философи, нетрпеливи graffiti boys, и увреџени граѓани за кои демократскиот дискурс е и онака долг и непотребен процес.

Луѓе што сметаат дека заслужуваат шанса не поради знаењето и компетенциите туку само заради тоа што сакаат нешто, толку агресивно, интензивно, чисто, исконски.“

Previous articleНЕМА ДА СЕ ДАВА НА СИТЕ: Филипче обзнани од кој производител ќе биде третата бустер доза
Next articleОва е сестрата на убавата Зоне Замфироа, поубава ли е од Катарина? (ФОТО)