Home News Лиса Баута Шаќири кажа за кого нема да гласа и зошто

Лиса Баута Шаќири кажа за кого нема да гласа и зошто

Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и за независни листи за општински совети.

ДИК објави дека до пладне 21 независен кандидат ги собрал потребните потписи, додека до полноќ последниот обид ќе го направат уште 15 очекувани кандидати.

За листите за независни советници потписите ги обезбедиле 42 листи, додека во напорите до полноќ има уште 26.

Трката се очекува да биде жестока за Град Скопје, каде во моментов има шест кандидати.

Актуелниот градоначалник, Петре Шилегов, кој е повторно предложен од СДСМ, потоа Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива, потоа Ана Петроска од коалицијата на активисти „Зелен хуман град“.

Уметникот Петар Георгиевски Камиказа, се кандидира како независен, но ја доби поддршката од партијата „Левица“, адвокатот Александар Тортевски е кандидат на партијата „Твоја“, а поранешниот пратеник на НСДП, Љубомир Јосифовски, се кандидира како независен.

Изјавата на Петре Шилегов во однос на Петар Георгиевски Камиказа, ја прокоментира во последната година актуелната активистка на социјалните мрежи, Лиса Баута Шаќири. Еве го нејзиното мислење за следните избори:

Петре Шилегов како аргумент зошто треба да биде реизбран за градоначалник на Скопје изјави: “На Скопје му треба континуитет а не луге кои допрва треба да уцат како се води институција”.

На минаните локални избори го гласав Петре, и со тоа придонесов да се сруши континуитетот на Коце Трајановски, кој патем иако беше градоначалник на партија што ич не ја сакам, имаше повеќе стаж во водење на Град Скопје од Петре, и јасна програма со која се кандидираше!

На овие избори, најверојатно ке гласам за некој кандидат што доаѓа од асфалтот или мала партија, пошто очигледно овие “големите” немаат што да понудат освен за мене неиздрзжни аргументи кои ми ја навредуваат интелигенцијата.

Баш ме занима, каде тоа и во кое школо било кој градоначалник се едуцирал како се води институција, па Шилегов сега се расфрлува со вакви “аргументи”.

Очекував повеќе од градоначалник со 4 годишно искуство, а не ваков очајнички обид за дисквалификација на своите противкандидати.

Previous articleПо официјалната поддршка од ВМРО, се огласи Митко Јанчев
Next articleАнастасија откри како порасна без татко ѝ и раскажа непознати детали за мајка ѝ Цеца