Home News По официјалната поддршка од ВМРО, се огласи Митко Јанчев

По официјалната поддршка од ВМРО, се огласи Митко Јанчев

Опшозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави кандидатите на нивната коалиција за уште десет општини, односно за Ресен, Крушево, Делчево, Василево, Дебарца, Ново Село, Ранковце, Зрновци, Кратово…

Она што јавноста најмногу го очекуваше, е потврдата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци, кој имаше недоразбирања со партијата, но сепак реши да ја побара нејзината поддршка, а таа дурио денеска соопштува дека одлучила да му ја одобри.

Еве со кои други ксандидати ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на претстојното изборно соочување. Во Ресен ќе се тркаат со Јован Тозиовски, во Крушево со Билјана Проеска, во Делчево со Николчо Стојменовски, во Ранковце со Борче Спасовски, во Ново Село со Ѓорѓе Божинов, во Василево Славе Андонов, во Дебарца со Саше Силјаноски, во Зрновци со Борчо Коцев, а во Кратово со Тодорчо Николовски од Социјалистичката партија.

Овие имиња на прес конференција во партијата ги соопшти пратеникот Антонио Милошоски, наведувајќи дека како критериуми по кои е направен изборот се програмата за мандатот, анкетите меѓу локалното население и анкетите со можните противвкандидати.

На новинарско прашање дали во случајот со Јанчев се решени недоразбирањата, Милошоски рече дека Јанчев бил избор на жителите на Кавадарци кои биле анкетирани, но и дека со ова партијата сака да испрати и порака на обединување.

„Сметаме дека е време за обединуивање против власта која ја води земјата во погрешна насока. Јанчев е показател дека тоа време за обединување е дојдено на овие избори“, рече Милошоски.

За поддршката на кандидатурата на Данела Арсовска, пак, тој нагласи дека се раководеле од тоа дека на градот му треба добар менаџер, а сметаат дека токму Арсовска го има тоа како квалитет според нејзината биографија.

Се надева дека Арсовска ќе ја добие и поддршката од Алијанса за Албанците и Алтернатива, со кои ВМРО-ДПМНЕ договори предизборна соработка минатата недела, како и дека ќе привлече и други непартиски гласови.

За 5 или 6 септември Милошоски најави дека ќе ги објават и преостанатите десетина кандидати за градоначалници, меѓу кои и за општините Аеродром, Карпош, Битола…

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска на прес – конференција изјави дека по барање на граѓаните се реализирани голем број на проекти, кои не биле дел од програмата.

Тој вели дека довербата од граѓаните му влева сила и ентузијам.

„Вториот мандат и кандидaтура од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи продолжување на тенденцијата за развој на општина Кавадарци, како атрактивно место за живеење, стекнување на образование, развој на претприемништвото, и ефикасно управување“, рече Јанчев.

Тој се заблагодари на граѓаните и на матичната партија за укажаната партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека Кавадарци останува број еден и ќе работи во интерес на општината и граѓаните.

Previous articleПознати се протоколите за влегување на децата во училиште
Next articleЛиса Баута Шаќири кажа за кого нема да гласа и зошто