Home News Д-р Никита објасни зошто е важно да се избегнуваат слатки пред имунизација

Д-р Никита објасни зошто е важно да се избегнуваат слатки пред имунизација

Д-р Никита Харлов, гастроентеролог од Русија, смета дека е многу е важно да се откажете од слатките на време, имајќи предвид дека со зголеменото ниво на шеќер во крвта, вакцинацијата потешко ја толерира.

-Неопходно е да се воведат одредени промени во исхраната пред вакцинацијата против ковид, а пред се е неопходно да се елиминира храната што содржи шеќер за да се намали ризикот од несакани ефекти.

Слатките треба да бидат забранети пред вакцинацијата, бидејќи шеќерот во крвта ќе биде поголем, што значи дека ќе биде потешко за некоја личност да ја поднесе вакцинацијата, вели Харлов.

Истото важи и за сите производи што содржат голема количина јаглени хидрати, како што се компири, каша и леб, кои исто така го зголемуваат шеќерот во крвта, објасни Харлов.

Лекарот советува да се намали внесот на овошје за двапати пред вакцинацијата. Тој смета дека е најштетно да се јадат банани, грозје и дињи непосредно пред и по вакцинацијата. Исклучок се цитроните, така што може да се јадат лимони и грејпфрут.

Покрај производите што доведуваат до зголемување на нивото на шеќер во крвта, неопходно е да се избегнат сите намирници кои можат да предизвикаат алергии, наведува докторот.

„Не смее да се јаде никаква нова храна, но неопходно е да јадеме она на што сме навикнати, па дури и одредена марка колбаси или млеко. Не треба да се прават експерименти и не треба да се консумираат егзотични производи“, подвлече Харлов и додаде:

-Удар врз имунолошкиот систем, исто така, може да биде голема количина на храна што се внесува, предупреди тој.

Најдобро би било да се направат промени во исхраната неколку дена пред вакцинацијата и да се придржуваат до нив две недели по вакцинацијата, односно во исто време кога се формира примарниот имунолошки одговор.

Извор: Локално

Previous articleГраѓани ѝ се „пуштија“ на Мила Царовска: Зошто онлајн разговарате со средношколците, а децата ги терате во школо со маски?
Next articleФилипче најави нови мерки наскоро: Во кафеана нема да може да се влегува со една доза, ќе се бара комплетна имунизација