Home News ЕУ стави забрана, но не за сите: Имунизираните можат слободно да патуваат,...

ЕУ стави забрана, но не за сите: Имунизираните можат слободно да патуваат, вели Филипче

Европската комисија денеска објави дека 70 % од возрасната популација на Европската Унија е целосно вакцинирана против Ковид-19, со што ја постигна целта поставена на почетокот на годината.

„70 проценти од возрасните во ЕУ се целосно вакцинирани. Сакам да им се заблагодарам на многуте луѓе што го овозможија ова големо достигнување“, напиша на „Твитер“ претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, пренесува „Ројтерс“.

Оваа бројка потврдува важна пресвртница во бавната стратегија за вакцинација на ЕУ, но исто така ги маскира големите разлики меѓу земјите членки, со некои над целта од 70 проценти, а други во посиромашниот источен регион на блокот се многу зад себе, додава агенцијата.

Вчера пак, ЕУ донесе одлука за воведување мерки кон земјите во кои има драстично зголемување на случаите на нови позитивни.

Министерот за здравство Венко Филипче, денес на прес конференција соопшти дека вакцинираните граѓани од Македонија можат да патуваат насекаде низ Европа со тоа што треба да приоложат документ дека се вакцинирани, односно треба да го приложат ковид сертификатот.

– Одлуката што ја донесе Европската Унија и нам ни оди во прилог, односно на нашата политика, а тоа е да има што поголем број вакцинирани граѓани.

Токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ни ПЦР, нема ни карантин. И тоа доказ дека целиот свет оди во тој правец, да се нормализира животот,

целосно свесни дека само така може да се врати нормалниот живот и движењето на луѓето кои се целосно вцакцинирани. И во Европа само вакцинирани луѓе може да влегуваат секаде и на разни настани.

За патување во земјите од ЕУ, на пример Германија на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин.

Исто така, знам конкретно за Германија, потребен е ПЦР на оние кои не се вакцинирани, но задолжителен е 5-дневен каранти, потоа тестирањето ќе се повтори. На тој начин се обезбедува земјата од ширење на вирусот, истакна министерот.

Филипче информираше и за опфатот на вакцинацијата, нагласувајќи дека најмногу, околу 50-60 отсто од граѓаните се вакцинирани во Охрид, Кавадарци, Неготино, а најмалку во Гостивар, каде едвај се вакцинирани околу 20 проценти од популацијата.

-Нагло се зголемува заинтересираноста за вакцинација во Тетово, таму има најголем раст за околу 15 отсто. Досега со една доза е вакцинирано 43 проценти од населението кои се над 18 години, 28 проценти над 18 до 39 години, 52 проценти на 40 и над 40 години.

Околу 73 проценти се вакцинирани граѓаните над 70 години.

Previous articleФилипче најави нови мерки наскоро: Во кафеана нема да може да се влегува со една доза, ќе се бара комплетна имунизација
Next articleКој е Христо Кондовски, кандидатот за нов градоначалник на Битола