Home News Филипче најави нови мерки наскоро: Во кафеана нема да може да се...

Филипче најави нови мерки наскоро: Во кафеана нема да може да се влегува со една доза, ќе се бара комплетна имунизација

Министерот Венко Филипче, вчера на својот профил на социјалните мрежи напиша дека здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното.

-Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот..

Наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар.

Во Србија, наставниот процес ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците.

Учениците ќе носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците.

Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона.

Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени.

Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците.

Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности.

Апелираме родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, за да го заштитат семејството од ширење на болеста, напиша вчера Филипче.

Денес тој проговори околу мерките кои би можеле да се заострат.

Експертите за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица кои примиле само една доза од вакцината за заштита од Ковид–19.

Влезот ќе биде дозволен само за комплетно вакцинирани лица. Министерот за здравство Венко Филипче, денес најави дека оваа мерка ќе почне да се применува откако ќе биде оставен доволен период за граѓаните да ја комплетираат вакцинацијата.

„Експертите за имунизација имаат работни состаноци, во некој период, а ќе се остави најмалку еден месец, како критериум за јавни настани ќе биде потребно граѓаните да се целосно имунизирани.

Тоа ќе се воведе по соодветна анализа на бројот на имунизирани граѓани со една доза и анализа на потребниот период за втора доза“, рече министерот Филипче.

Целта и на ваквото заострување на мерките, министерот Филипче вели дека е што поголем број граѓани да се вакцинираат.

Мерката само вакцинирани со барем една доза да можат да влегуваат во ресторани, на јавни настани и во трговски центри стапи на сила на 16 август.

Previous articleД-р Никита објасни зошто е важно да се избегнуваат слатки пред имунизација
Next articleЕУ стави забрана, но не за сите: Имунизираните можат слободно да патуваат, вели Филипче