Статус на лидерот на партијата Гром, Стевчо Јакимовски:
„Луѓе не ја бива. Ако Короната пред година и половина беше светско чудо денес не е. Наводно ова бил четврти бран и прашањето е што владата и Филипче превземаат за да го дочекаме подготвени.
Четири месеци седат со вкрстени раце а за исто толку време Вучиќ градеше ковид болници во Крушевац со 450 легла и во Батајница со 1.100 легла. Изградени само за 4 месеци.
На Филипче му е најлесно да го притисне народот. Владата и тој да немаат одговорност а на граѓаните кои не се вакцинирани им го ограничи движењето.
Ограничено движење значи ограничена потрошувачка, штом потрошувачката е ограничена се намалува производството, трговијата, угостителството и туризмот.
Пред два дена бев кај еден пријател во кафиќ и ми вели од како се ковид мерките дневниот промет му е меѓу 2.220 денара и 4.000 денари а има 9 вработени.
Има ли логика во Веро, Тинекс, Кам маркети и сите останати да не се бара сертификат а во ресторан, кафиќ или пак во трговски центар (Сити мол) мора да имаш сертификат.
Значи големите маркети ќе работат под други ковид мерки а трговските центри се изложени на крајно рестриктивни мерки а закупнините во истите се енормно високи.
Значи мора со Ковидот да живееме но, тој што е избран и платен да најде решение за истото мора да си ја работи својата работа.
Длабоко сум убеден дека треба нормално да живееме а здравствениот систем треба да биде спремен да одговори на предизвикот.“