Home News Божидар: Прваче порано, прваче не толку порано и прваче сега

Божидар: Прваче порано, прваче не толку порано и прваче сега

Статус на Божидар Божѓиновски: Прваче на времето:

– Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да моч аш во ќошот…

– Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал

– Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си

– Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е – Толку!

Прваче не толку порано:

– Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката “Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам.

Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час

– Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери

– Албум на Фејсбук “ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО ” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо

– Нема само туркање вода… Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, поп да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека успешно дишел и не умрел 5 години па сега тргнува на нешто шо е задолжително по закон

Корона прваче:

– Цел ден гледа “Пепа пиг” и “Бејби шарк” на Јутуб на мобилен додека татко му се расправа на Фејсбук дека онлајн не смеат децата да учат зато шо ќе немаат интеракција.

Последен пат имал интеракција ко ја скрши малиот ногата па овој му викаше “Па ќор си, пичка ти мајчина, гледај кај одиш”.

– Ќе касни еден месец, шо не е страшно во држава шо касни 114 години на светот

– Мајката бара уникатна маска за да биде најубаво сонценце на свет. Од Али Експрес. Маската, не сонценцето

Previous articleД-р Вело Марковски: Сосема оправдана е одлуката децата да одат на училиште – објасни и зошто
Next articleЃорѓи Спасов проговори за Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар