Home News Ѓорѓи Спасов проговори за Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар

Ѓорѓи Спасов проговори за Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар

Деновиве партиите забрзано ги објавуваат своите кандидати за претстојните локални избори.

Има многу изненадувања, многу независни кандидати, а вчера актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски беше исклучен од членство во СДМ, поради тоа што одлучи да се натпреварува како независен кандидат.

Изненадување за Центар, е младиот Горан Герасимовски, кој е речиси непознат за јавноста. Професорот Ѓорѓи Спасов објасни кој е Горан Герасимовски:

„СДСМ понуди добар кандидат за градоначалник на Центар
Денешната одлука на СДСМ да го кандидира Горан Герасимовски за градоначалник на општина Центар ја има сета моја подршка.

Го познавам Горан лично и можам да кажам дека станува збор за мотивиран, чесен и исклучително работлив млад човек за кој нема да слушнете лош збор.

Иако на прв поглед тивок и ненаметлив, Горан секогаш беше на чело сите битки за одбрана на Центар и достапен за разговор и поддршка на граѓаните во општината.

Кога стана претседател на општинската организација на СДСМ не повика повозрасните да го советуваме да му кажуваме што е добро а што не чини и многу добронамерно ги прифаќаше критиките.

Горан верувам дека добро ги знае проблемите на општина Центар и на граѓаните што живеат во неа. Доколку желбата, енергијата и знаењето кое го има ги насочи целосно кон решавање на овие проблеми, убеден сум дека Центар ќе добие одличен градоначалник.

Му посакувам многу успех во кампањата и силно верувам во негова победа.

Previous articleБожидар: Прваче порано, прваче не толку порано и прваче сега
Next articleПроф. Трајковски: Огромен дел од оние кои од болница излегле живи, животот му го должат на имунизација