Home News Д-р Дејан Докиќ за Слободен Печат објасни зошто во овој бран се...

Д-р Дејан Докиќ за Слободен Печат објасни зошто во овој бран се упокојуваат млади луѓе

Состојбата со корона вирусот кај нас во последните неколку денови се стабилизира, но сепак, она што го одзема спокојството кај здравствените власти е бројот на упокоените.

Министерот за здравство Венко Филипче деновиве уште еднаш апелираше да се подигне свеста кај населението и во што поголем број да се имунизираат, како не би му се дало простор на вирусот да циркулира..

Во таа насока се воведоа и последните мерки на границите, каде не само на влез, туку и на излез е потребно да се приложи сертификат за имунизација или за прележаност, максимум пред 45 дена.

За Слободен печат, еден од нашите водечки пулмолози, д-р Дејан Докиќ, проговори зошто во овој бран се погодени помладите луѓе.

-Во овој момент повеќе се упокојуваат млади затоа што тие повеќе се заразуваат. Првичниот „див сој“ на корона вирусот напаѓаше повозрасни.

Но, сега поголем дел од возрасните се вакцинирани. Воопшто не се вакцинираа младите под 18 години, до неодамна. Значи, дел од повозрасната популација над 18 години прележа, најголем процент на вакцинирани има во повозрасните возрасни групи, така што сега практично младите останаа незаштитени.

А овој сој, делта сојот има многу поголема моќ да се пренесува, 60 проценти повеќе, и тоа многу почесто меѓу младите се пренесува.

Прво, затоа што се групираат, не водат сметка за растојание и заштитни мерки. Млад човек мисли на забава, а не на мерки.

Младите не беа заштитени со вакцини, така што помеѓу нив многу полесно и побрзо се шири делта варијантата.

Кога сме доведени во ситуација поголем број заразени да се млади, меѓу нив ќе има и такви кои се имуно некомпетентни и нивниот имун систем има некоја „фалинка“,

кој во борбата со некоја обична настинка немал проблем да се справи, но кога доаѓа во контакт со еден агресивен вирус како овој, не е доволен да се справи и може да заврши со тешка клиничка слика или со см -pт.

Ова е мој став, од моето целогодишно искуство во имунологијата и од целокупното искуство од 35 години работен стаж, вели за Слободен печат доктор Докиќ.

Previous article(ФОТО) Вакви пораки добија синоќа жителите на Џу Џерси и Њујорк во текот на незапамтеното невреме кое ги зафати овие држави
Next articleНајчевска му одговори на Заев во врска со употребата на РС Македонија