Home News (ФОТО) Вакви пораки добија синоќа жителите на Џу Џерси и Њујорк во...

(ФОТО) Вакви пораки добија синоќа жителите на Џу Џерси и Њујорк во текот на незапамтеното невреме кое ги зафати овие држави

Најмалку осум лица ги заг убија животите во поплавите што ги погодија синоќа Американските сојузни држави Њујорк и Њу Џерси.

Причина беше незапамтеното невреме, со рекордни врнежи, а првпат во историјата беше издадено предупредување за поплава во Њујорк. Покрај прогласувањето вонредна состојба во градот, прогласена е вонредна состојба и во државата Њујорк.

Како што пренесува Си-ен-ен, најмладата жр тва од поплавите е двегодишно дете.

Меѓу жртвите има 48-годишна жена, која била пронајдена од полициските службеници во Њујорк во нејзиниот дом во областа Гранд Централ во Квинс, откако се јавила на 911 и побарала помош.

Жената била пренесена во болницата „Форест Хилс“ каде што била констатирана с м -pт. Полицајците пронашле ве дополнителни жр тви во Квинс. Според Си-ен-ен, станува збор за жена на 45-годишна возраст и маж на 22-годишна возраст.

Сообраќајот низ градот е блокиран и само приоритетни возила можат да бидат на улица, исто така и метрото не е во функција бидејќи водата навлегла во повеќето станици.

Во серијата твитови, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, побара од жителите да се држат подалеку од градските улици, наведувајќи дека околу 5 300 домаќинства останале без електрична енергија.

„Сведоци сме на историски временски настани со рекорден дожд во градот, поплави и опасни услови на патиштата“, изјави меѓу другото Де Бласио.

Брза помош ги евакуира луѓето од подземната железница во Њујорк поради големата количина вода што навлезе таму.

На граѓаните им се советува да не користат метро, ​​чии линии се ограничени, како и сообраќај со автобуси.

Инаку во пресрет на невремето но и во текот на обилните држави, жителите на Њу Џерси и Њујорк добија серија пораки со укажување да не излегуваат од дома, бидејќи нивниот живот може да биде доведен во опасност.

Нашиот извор, македонец кој живее во Њу Џерси и ни ја испрати оваа фотографија, вели дека вакви пораки на мобилните телефони се добиваат само во исклучителни ситуации и тоа се случува многу ретко.

 

Previous articleСЗО со црна прогноза за Европа – до крајот на годината се очекуваат многу упокоени
Next articleД-р Дејан Докиќ за Слободен Печат објасни зошто во овој бран се упокојуваат млади луѓе