Home News Познато е колку е поголем ризикот од хоспитализација со Делата сојот, кај...

Познато е колку е поголем ризикот од хоспитализација со Делата сојот, кај неимунизираните

Пандемијата на коронавирус одамна го смени светот каков што го познававме, а со појавата на вакцините многумина се надеваа дека работите за кратко време ќе се вратат во нормала. Сепак, појавата на делта сојот ги попречи плановите и ги уништи сите надежи дека оваа есен работите ќе се вратат на свое.

Делта сојот целосно ја промени пандемијата на коронавирус. Се промени траекторијата на вирусот, се зголеми бројот на новозаразени, а се променија и вообичаените симптоми на вирусот. На самиот почеток на пандемијата на Ковид-19 бевме запознаени со најчесто пријавуваните симптоми, вклучувајќи: кашлица, треска, замор и болки во телото, но со појавата на новиот сој, се појавуваат и нови симптоми.

Се повеќе заболени пријавуваат болка во ушите

Американските лекари забележале дека се повеќе луѓе кои доаѓаат кај нив се жалат на болка во увото, односно ушите. Луѓето кои пријавиле болка во увото или ушите по дополнителните тестови не покажале знаци на воспаление или други проблеми поврзани со ушите, но биле позитивни на коронавирус, новиот делта сој.

Д-р Никол Фроман, експерт од Флорида, тврди дека токму болката во увото е еден од факторите по кој се разликува делта сојот од претходно доминантната алфа варијанта на коронавирусот.

Таа додава дека болката во грлото е главната причина поради која луѓето заразени со делта сојот имаат болки во увото, односно дека болката во увото е предизвикана поради болки во грлото и е поврзана со други симптоми на коронавирус.

Ризикот од хоспитализација пак, поради заразата од делта варијантата на Ковид-19 веројатно е двојно поголем кај невакцинираните лица, покажало истражувањето во Англија.

Научниците од Универзитетот Кембриџ и Агенцијата за јавно здравје во Англија анализирале повеќе од 40 илјади случаи на Ковид-19 во Англија од крајот на март до крајот на мај 2021 година.

Резултатите од истражувањето биле објавени во научното списание „Lancet Infectious Diseases“.

Досега студиите главно докажала дека делта сојот е позаразен од останатите, но немало толку веродостојни податоци за ризикот од тежок облик на Ковид-19 кај невакцинираните лица.

Истражувачите заклучиле дека ризикот од хоспитализација просечно е 2,26 пати повисок од делта варијантата на Ковид-19 кај невакцинираните лица.

Од 40 илјади случаи од истражувањето, само 1,8 отсто биле целосно вакцинирани што истражувачите го интерпретираат како потврда за ефикасноста од вакцините.

Од заразените во истражувањето 74 отсто биле невакцинирани, а 24 отсто делумно вакцинирани.

„Целосното вакцинирање е клучно за намалување на индивидуалниот ризик од симптоматска инфекција со делта варијантата, што е еднакво важно за намалување на ризикот од тешка болест и прием во болниците на пациенти заразени со делта варијантата“, изјавила Ана Пресаинс од Универзитетот Кембриџ.

Previous articleНа Лепа Брена ова нема да и се допадне – нејзиниот сопруг се гледал со принцезата пред да ја запознае неа
Next articleСЗО со црна прогноза за Европа – до крајот на годината се очекуваат многу упокоени