Home News Проф. Даниловски застана во одбрана на колегата Пановски – не издржа да...

Проф. Даниловски застана во одбрана на колегата Пановски – не издржа да не одговори на провокациите

Професорите од Медицинскиот факултет, д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Нико Беќаровски, од почетокот на оваа пандемиска криза, се на „браникот“ на социјалните мрежи, спремни на секого да му одговорат и да му ги разрешат дилемите околу актуелниот вирус.




Несфатливо, но ДА, тие се секојдневно омаловажувани, навредувани и етикетирани во коментари, бидејќи нели, во демократијава, секој може да каже што сака, па доколку не му се допаѓа некој став од дотичниот доктор, го нарекува платеник, му навредува семејство и.т.н.




Но секој има свој праг на толеранција, па така неодамна, д-р Нико Беќаровски, најави дека ќе се повлече од групата „Ковид 19 искуства и совети.

Со слична реакција денес, настапи и професорот Даниловски, кој го прокоментира однесувањето на една членка во групата, која го „строеше“ неговиот колега, д-р Пановски:




„До мојот пријател, професорот Никола Пановски. Е, мој Никола, дочекавме и на глава да ни се издефецираат (овде е посоодветен еден посочен израз)! „Шибаме“ ти, јас и други колеги ко’ „дон кихоти“ и дење и ноќе, фамилија баталивме, па и здравје изгубивме од седење пред компјутер, „оќоревме“, мозок ни зовре веќе година и пол, за на крај некоја самобендисана дама да плесне: срамота било ако „друг му пишува на еден епидемиолог“ (патем, таа не знае ниту дека си микробиолог), за веднаш да продолжи дека „мисли“ дека си надлежен да дадеш одговор!!!  Еееј, надлежен си бил, човече!




„Дамата“ во своето писание зема залет и веднаш длабокоумно заклучува – море, се продерува (нели големи букви значат „дерење“) – дека твојот одговор значел оти „НЕМАМЕ ДРЖАВА!“ Замисли, сме немале држава затоа што си одговорил дека не знаеш. (Впрочем, и јас истото го одговорив).




Каков ли е тој ментален склоп што произведува вакви асоцијации!? Штом универзитетски професор со 40 години искуство одговара со „не знам“ на прашањето „дали после прва доза вакцина во Врање, може втора доза во Скопје, па уште и каде и во колку часот“, е, тоа значело – сме немале држава! Аферим!




Госпоѓо, не е професорот (ниту ние, другите доктори во групава) биро за информации! Овде сме за СТРУЧНИ СОВЕТИ за луѓе кои си имаат мака!

Ах, да, тоа било и ТАЖНО! Тажно? Што е тажно за „дамата“? Тоа што еден професор, кој нема никаква допирна точка со организација на вакцинациите, одговара дека не знае? Или тоа што немаме држава?




Ама, гледаш, одговорот е тука: затоа што не знаеш да одговориш, ете затоа немаме држава!

Па ги обвинува другите зошто се „лигавеле“, па реди претпоставки зошто човекот поставил такво прашање…
За на крај, триумфално да воскликне: „МАКЕДОНЧИЊАААА!“ (со четири ‘А’ на крајот на зборот за да има ехо веројатно). Што, нели, треба да инсинуира дека – според неа – „неприкладните коментари“ се должат затоа што се работи за „Македончиња“ – во деминутив, се разбира – за да звучи омаловажувачки.




Мене ова веќе ми мириса на политички восклик некако… Чуму политика во ваква група!?

И „дамата“ не се предава ниту во својот втор коментар! Иако ти се извинува, таа е упорна! Ама, требало да кажеш господинот да оди кај матичен или во ковид центар! Небаре тој не знае да дојде самиот на таква идеја! Што да се каже?
Ароганција и некритичност на најјако…




На крајот… Не верувам дека „дамата“ не знае дека ниту ти, ниту јас, ниту било кој друг доктор што овде се даваме себеси, не сме дел од системот на власта (јас во пензија, ти пред пензија).

Не верувам дека не знае дека ова го работиме сосема волонтерски и БЕСПЛАТНО! Знае таа… во изминативе година и пол на цела јавност тоа ѝ стана познато.
И не верувам дека не (се) знае дека немаме помошници, кои во наше име одговараат (à propos еден коментар во кој некоја друга дама „вивнува“ такво прашање во „етерот“).




Знаат тие дека не е така. Ама групава, а и ние со неа, по сѐ изгледа, почнавме да „бодеме очи“ некому…

Се присеќавам, имаше неодамна „загрижени коментари“ дека групава се претворила во „виртуелна ординација“… И тоа не беше случајно!

Ама ако! Колку повеќе фекалии, повраќаници и плуканици, толку подобро! Тоа само значи дека групава е израсната во РЕЛЕВАНТЕН ФАКТОР во општествово наше! Затоа и политика пробаат да вмешаат овде… Никола, пријателе, сепак не сме си го фрлиле трудот залудно!

Како беше онаа народната: „Само зад добар коњ се крева прашина!“

Previous articleНајчевска му одговори на Заев во врска со употребата на РС Македонија
Next articleKaрлеуша го напушта шоуто, стигна потврда и од Гранд – на нејзино место доаѓа најголемата балканска ѕвезда