Home News СЗО со црна прогноза за Европа – до крајот на годината се...

СЗО со црна прогноза за Европа – до крајот на годината се очекуваат многу упокоени

По силниот бран изминатите неколку недели, состојбата со корона вирусот кај нас како да се смирува. Сепак, министерот за здравство Венко Филипче, вчера потсети што е најважно да се направи во овој период.

-Се наоѓаме во деликатна фаза каде Делта мутацијата на вирусот коси насекаде низ светот. Само преку масовна имунизација најсигурно можеме да ставиме крај на пандемијата.

Ве повикувам да им помогнеме на здравствените работници и на здравствениот систем. Да се вакцинираме, да покажеме пример, да покажеме одговорност кон себе и другите. Вакцините се безбедни и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Податоците покажуваат дека на удар во овој бран се невакцинираните и младите меѓу кои процентот на вакцинирани е се уште низок.

Поддржете ги нашите апели и кампањата за вакцинација со тоа што ќе ја пренесете пораката и ќе разговарате со оние кои уште се двоумат, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Светската здравствена организација очекува дека ќе има 236.000 смртни случаи поврзани со ковид-19 во Европа, во периодот од крајот на август до 1 декември, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во понеделникот во Копенхаген.

Бројот на смртни случаи на ковид-19 се зголеми за 11 проценти само минатата недела, рече Клуге.

Црното предвидување доаѓа од Институтот за здравствена метрика и проценка на Универзитетот во Сиетл.

Зголемувањето на бројот на случаи беше предизвикано од многу заразната варијанта делта, ублажувањето на многу мерки за јавно здравје во бројни земји и значително зголемување на бројот на патувања во текот на летото.

Има нагло зголемување на бројот на нови инфекции, особено на Балканот, Кавказ и Централна Азија, додаде Клуге.

Според дефиницијата на СЗО, европскиот регион се состои од 53 земји во Европа, Кавказот и Централна Азија.

Previous articleПознато е колку е поголем ризикот од хоспитализација со Делата сојот, кај неимунизираните
Next article(ФОТО) Вакви пораки добија синоќа жителите на Џу Џерси и Њујорк во текот на незапамтеното невреме кое ги зафати овие држави