Home News Тричко му пиша на Максо: Ти во кој момент сфати дека партијата...

Тричко му пиша на Максо: Ти во кој момент сфати дека партијата е приватизирана и шверцерска, кога не се виде на листа?

Статус на Бранко Тричковски: Исклучен




„Дир Максо, Не можам да ти опишам колкава жал ме фаќа кога фејсбуков и другите кокошарници на мp твата, но гласна јавност, ќе ме потсетат дека и ти стана жртва на една приватизирана, диктаторска и шверцерска партија.




Жал ми паѓа за тебе, но и за сите нас, зашто, во суштина, “сите ние сме максими”. Но, нешто ме гребе по сивата маса, некакво влакно што расте кон внатре, како кај Хер Флик, со кого, слушам, ќе си го враќал старото име и ќе си виткал бурек со урда во Преспанскиот договор.




Па, се надевам дека нема да ме разбереш погрешно ако натопен до гола кожа во тагата, те прашам: мораше ли да те избркаат од партијата за да ја разбереш нејзината диктаторска и шверцерска, мамапапаска природа?




Дали првите сомнежи ти се јавија кога сфати дека нема да те има на кандидатските листи? Зашто, гледај Максо, ќе бидам сосема отворен со тебе, имам впечаток дека сите партиски луѓе имаат потреба од дистанца за да разберат каде биле.




Како ние, обичниот свет кога моравме да се качуваме на Водно за да ги видиме смогот и маглата во која живеевме во капитолот. Зошто е тоа така, Максо? Зошто не излезе од калта? Зошто дозволи да те исфрлат на суво?




Верувам дека ти имаш објаснување во деликатната структура и супстанца на диктатурата, на крупните и поситни валери на здолништето под кои се крие нејзината смрдлива пи .ка, така ли е Максо?




И под кои ја криете и сопствената цигла во ѕидот на диктатурата. Нејзините плодови со кои се гостите додека сте внатре. Ако е така како што зборуваш.




Сите партиски луѓе од сите партии се чуваат себе си како доказ за диктаторството, султанизмот, приватизираноста и шверцерството на една партија и како успиени агенти на студената војна чекаат да бидат разбудени со телефонски повик во кој ќе им се соопшти пасвордот за разбудувањето:




Исклучен! Не, јас не ја бранам партијата, Максо, јас те напаѓам тебе. Ако така си го разбрал ова четиво, добро си ме разбрал.“

Previous articleКонечно се огласи Карлеуша и ги откри причините поради кои повеќе нема да биде дел од Гранд шоуто
Next articleБлаже Аризанов: Имам 4 илјади евра заштеда, каде да ги инвестирам?