Home Live Вљубени како младенци, Дебарлиева со сопругот на романтичен викенд (ФОТО)

Вљубени како младенци, Дебарлиева со сопругот на романтичен викенд (ФОТО)

Билјана Дебарлиева е една од најубавите жени кај нас, долги години на Тв екраните, жена која држи до свијот изглед и го негива литературниот македонски јазик.

-Во целост се согласувам со тоа дека секоја припадничка на понежниот пол, без оглед на возраста, статусот, професијта, мора да внимава на својот изглед. Кога мислам на убавина, мислам и на надворешниот, физичкиот изглед, ама и на внатрешната убавина..

Немам тајна за изгледот, едноставно ова што го имам е дадено од природата. Но, насмевката на лицето, позитивната мисла и пренесувањето на таа позитивна енергија, мислам дека е клучот на мојот успех“, рече таа во едно интервју за Фешнел.

Таа својот „занает“ почна да го пече во МРТВ, а потоа беше дел од А1 телевизијам сега долги години е на фреквенцијата на Канал 5, како водител и презентер.

-Секако дека има позитивни и негативни страни, постојано си под луша и на гледачите, ама и на луѓето што ќе те сретнат на улица. Негуваниот изглед стана дел од мојата професија и од моето секојдневие уште од самиот почеток.

Во поглед на средувањето за утринските вести кои почнуваат во 7 наутро, веќе научив многу брзо да се подготвувам, а во однос на фризурата имам среќе што косата ми е квалитетна па имам фризура и по неколку дена а да изгледа како утрото да сум била на фризер“, рече Билјана во истото интервју.

Многу ми годат убавите коментари и ми значат, бидејќи се кажани токму од професионалци кои најдобро знаат како треба да изгледа еден лик од тв екраните, ама во исто време за мене е и обрвска и поттик да не ги изневерам нивните очекувања во иднина“, рече во интревјуото за Фешнел во кое зборуваше и за нејзината ќерка Ана.

Само личиме една на друга, ама конкретно многу се разликуваме. Ако јас сум скромна, повлечена, Ана е бунтовна, сигурна во себе, уште на овие години таа е со изградена цел пред себе.

Можам да кажам дека сум среќна што е така, бидејќи во денешно време скромноста веќе не поминува. Треба многу да се бориш за да ја постигнеш целта. Инаку, нејзините амбиции се сосема различни од она што јас го работам.

И двете си сугерираме една на друга, посебно кога сме во дилема кое парче облека со што е најдобро да се искомбинира.

Ја прифаќам нејзината сугестија и во поглед на гардеробата, фризурата, шминката“, рече Билјана за ќерка си.

Познато е дека таа речиси 27 години е во складен брак со Јован, а се запознале во нејзиниот роден град, Охрид, за време на летен одмор.

Билјана и Јован и 27 години подоцна изгледаат среќни и вљубени како да се младенци, а објавија слики токму од Охрид, каде што и двајцата уживаа на романтичен викенд и рекоа дека имале совршен ден.

Previous articleПо 40 дена од нејзиното заминување, Живкица емотивно проговори за мајка си
Next articleПомалиот син на Џорлев, Мартин објави спот и песна емотивно посветена на татко му, во спотот е и стара снимка од Зоран (ВИДЕО)