Home Live Гавазова брендирана и со нов имиџ, личи на некоја светска пејачка а...

Гавазова брендирана и со нов имиџ, личи на некоја светска пејачка а не на Сузе од Струмица (ФОТО)

Сузана Гавазова, откако повторно им се врати на настапите во живо не е застаната, таа постојао некаде настапува,а публиката ужива во нејзините настапи.

Сузе е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда.

Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди.

Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола.

Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка.

Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.

Паралелно, Сузана со сопругот Јасмин гради вила во Дојран, каде што целото езеро е на дланка, а според сликите што тој ги објавува на Фејсбук, се работи за голема и модерна куќа на чија градба работите одлично напредуваат.

Уште додека живееше во странство, таа за медиумите изјавуваше дека не се навикнала да живее таму и дека посакува да си се врати во својата татковина, па и таа нејзините фанови многу се израдуваа кога донесоа одлука повторно да се вратат во својата земја.

Гавазова никогаш не престана да твори музика, ниту додека беше во Шведска, а уште помалку откако се врати во Македонија.

Таа постојано работи на музичка кариера, а ниту здравствената криза не ја спречи пејачката да ја издаде својата песна „Прстен несуден“.

Пред извесно време, Сузана го покажа нејзиниот луксузен дом. Имено, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од нејзиниот дом кој е уреден луксузно и по нејзин вкус, а во кој преовладува сивата боја.

На Фејсбук профилот на Гавазова се појавија слики од Сузе, со брендирана чанта, Долче и Габана, а таа на сликата е со сменет имиџ, подолга коса и заличува на некоја светска пејачка, а не на Сузе од Струмица.

Инаку, Гавазова секогаш внимавала на стилот и на имиџот и се грижела да изгледа топ, а во тоа и успевала.

Previous articleСузана Манчиќ за сопругот: Да живеевме заедно, очи ќе си вадевме
Next articleЈорданка: Стевчо е завршена прича одамна – се бара почесно и подобро