Home News Бујар Османи: Владата нема да паѓа, ќе се приклучат нови пратеници на...

Бујар Османи: Владата нема да паѓа, ќе се приклучат нови пратеници на власта

Резултатите од неделните локални избори, ја раздвижија атмосферата во македонското политичко милје.

Опозицијата можеби не ја доби поддршката која ја очекуваше, односно не доби повеќе гласови од минатите изборни циклуси, напротив, но резултатот на владеачките партии беше очаен.

Токму поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, освоија дури пет општини во градот Скопје во првиот круг и многу други во останатиот дел од државата, повеќе од 20 градоначалници во првиот круг од изборите.

Ден по гласањето, ВМРО-ДПМНЕ најави ново парламентарно мнозинство. Впрочем лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, ова го најавуваат со месеци наназад.

Сепак, од Демократската Унија за Интеграции велат дека мнозинството е стабилно и дека ќе се зголеми по вториот круг на локалните избори.

Не откривајќи детали, Бујар Османи од редовите на Интегративците, рече дека на Владата ќе и се приклучат уште неколку пратеници.

„Веднаш по изборите, владината коалиција ќе се прошири и со други пратеници кои го поддржуваат овој прогресивен курс на земјата меѓутоа не можам да откријам детали уште неколку дена“, истакнува Бујар Османи.

Од друга страна, по позитивниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски вели дека граѓаните сакаат ново парламентарно мнозинство и дека тоа ќе се случи.

Од Движење Беса и од ДПА денеска излегоа со партиски соопштенија дека остануваат дел од владината коалиција и дека мнозинството е стабилно.

Од партијата на Касами пишуваат “владината коалиција е стабилна, независно од фактот што на повеќе места во вториот круг си конкурираме едни на други“.

Од партијата на Мендух Тачи пишуваат “ДПА и натаму ќе биде дел од оваа влада, давајќи го својот скромен придонес за благосостојбата на граѓаните, процесот на реформите и интегративниот процес на земјава во ЕУ“.

Previous articleД-р Нико Беќаровски: Во неделата воопшто немаше избори, туку пребројување на партиското членство
Next articleНе се ни свесни дека го шират вирусот – 70 проценти од заразените со Делта го имаат овој симптом