Home News Не се ни свесни дека го шират вирусот – 70 проценти од...

Не се ни свесни дека го шират вирусот – 70 проценти од заразените со Делта го имаат овој симптом

Факт е дека течењето и затнатиот нос се наведени како симптоми на корона вирус според Центарот за контрола и превенција на болести, но истовремено не се смета за еден од најчестите симптоми, смета д-р Неха Вајас.

Затоа се поставува прашањето колку треба да бидеме загрижени ако нѝ тече носот, ако е затнат и ако киваме?

Две третини од пациентите го имаат истиот симптом на ковид-19, поради кој мислат дека се само настинати. Дури потоа доаѓа до губење на сетилото за мирис, што е сигурен знак за ковид-19.

Докторите откриваат дека затнатоста и секрецијата на носот се јавуваат кај 60 до 70 отсто од пациентите со коронавирус откако пристигна делта сојот.

„Кај децата и помладите, корона вирусот започнува како обична вирусна инфекција и првото нешто на коешто се жалат се затнатиот нос и секрецијата, а дури четвртиот или петтиот ден се јавува губење на мирисот.

Секако, кога ќе дојде до аносмија, односно до губење на мирисот, дури и на лаиците им е јасно дека станува збор за корона вирус. И дури 70 отсто од пациентите го имаат тој симптом на губење на мирисот“, објаснуваат докторите.

Воопшто не размислувајќи дека имаат коронавирус, тие несвесно ја шират наоколу, а наместо да одат во ковид-центар, често одат кај ОРЛ специјалисти мислејќи дека синусите проработеле сами од себе.

„Така и се заразив со ковид-19 пред неколку дена. Ние, оториноларинголозите секојдневно прегледуваме голем број пациенти со обични симптоми, со затнат нос.

А 50 отсто од нив имаат синузитис, односно воспаление на синусните-параназални празнини како последица на коронавирус, односно воспаление на слузницата на носот и секреција од носот“, вели еден од докторите.

Единствениот начин да се знае дали затнатиот нос е знак на корона вирус е тестирањето.

„Се согласувам дека не можеме да трчаме да се тестираме на инфекција од ковид по секоја настинка и по секоја секреција од носот. Но можеме да се однесуваме одговорно кон луѓето околу себе.

Ако имате затнат нос, би требало да размислувате за тоа дека можеби е коронавирус. Не велам дека сите други вируси не постојат повеќе. Но сите мора да бидат сериозни и да сфатат дека коронавирусот започнува со најобична секреција од носот и со затнат нос.

Од тој момент мораат максимално да ги намалат контактите, никако да не ја вадат маската, освен кога се сами. Тоа, покрај вакцинацијата, е единствениот начин да се сопре овој вирус“, нагласуваат експертите.

Како и многу други симптоми на Ковид-19, затнатиот нос не е специфичен симптом, што значи дека може да се поврзе со бројни болести. Ова е особено важно да се знае во период на алергии, грип, но и обична настинка.

Всушност, единствениот начин да дознаете дали станува збор за корона вирус е да се тестирате, а таа одлука ќе зависи и од други симптоми, околности и мислења на лекари. Важно е да го контактирате својот доктор, освен ако имате и некои потешки симптоми кои бараат итен медицински преглед.

Д-р Вајас наведува дека ако дојде пациент со наведениот симптом, најпрво ќе провери дали тој има и други симптоми на коронавирус, покрај општата здравствена состојба.

„Важно е да не се донесуваат заклучоци без проверка, па така секој лекар да го испраша пациетот дали постојат и симптоми на алергија и дали ги има истите проблеми секоја година кога ќе настапи есента“, додава докторката.

Покрај тоа, и вашите животни навики играат голема улога. Ако ги игнорирате упатствата за одржување на дистанца, не носите маска или не миете раце, тестот за коронавирус би требало да биде следниот чекор, заклучува докторката.

Сепак, ако сте од оние што ги следат препораките, вашиот лекар веројатно нема веднаш да ве советува да се тестирате на корона вирус.

Previous articleБујар Османи: Владата нема да паѓа, ќе се приклучат нови пратеници на власта
Next articleГаздите на дискотеките се зakaнија: Ќе почнат со граѓанска непослушност и на своја рака ќе ги отворат клубовите