Home Live Се огласи Pосана, бившата на Коки: Докажав дека НИKОЈ ништо не ми...

Се огласи Pосана, бившата на Коки: Докажав дека НИKОЈ ништо не ми може

Росана Петреска е долгогодишен портпарол на АМСМ, а во една прилика, таа зборуваше за својата работа.

-Мојата работа како портпарол на АМСМ ми наметнува подготовка од оперативно, административно работење до јавно презентирање и сакам да сум дел од целиот процес и многу полесно ми е да се претставам во јавноста.

Кога знам и имам лично искуство за нештата, но верувајте многу време посветувам и на тоа како ќе се претставам, затоа што при комуникација со јавноста не се праќа само веpбална туку се праќа и невеpбална порака.

Гледам и следам сè што се случува во фелата, но не само кај моите колеги, туку генерално во медиумите, јавните личности и сè што е поврзано со јавност.

За мене е многу важно гласноговорникот да даде јасна, концизна, кратка порака до јавноста и да не нè дефокусира од клучната поента или порака, но не е дозволиво истиот да не е соодветно стокмен, без разлика на кој пол припаѓа, бидејќи кога се има јавна професија, самата налага постојано да се грижиш за својот изглед.

Според мене од Македонија го почитувам изгледот на првата дама Елизабета Пендаровска, а најдобро облечени жени според мене во светот се: Мишел Обама, Ана Винтур, кралицата Летиција од Шпанија и секако Раниа од Јордан и Шарлин од Монако.

Имам два гардеробери, едниот ми е за пролет-лето, а другиот за есен-зима сега ми е период за комбинација од двата“, изјави Росана за својот животен стил во интервју за Точка.

Росана, која му е поранешна сопруга на виолинистот Никола Јанков- Коки, малку по нивната разделба зборуваше за својот приватен живот. Таа и Коки се разделија во 2019 година по 10 години брак.

На прашањето зошто се разведе од Росана, Јанков во емисијата Ексклузив одговори:

„Ќе треба да направиме едно 5,6 емисии за да се објасниме. Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за храбрите, не е за плач ковци“ вели Коки.

На својот Фејсбук профил, Росана објави интересен статус кој е всушност нејзина лична приказна и вели:

-Нема поубаво чувство кога во животот САМА со искреност, чесност, со голема, со голема борба и највисокиот животен врв го освоив! Во овој живот сама на себе си докажав дека не ми може НИКОЈ ништо!

Пред искреноста, чесноста, вистината и БОГОВИТЕ молчат! Трпението ми е на најако секогаш но сум многу среќна што овој ден ќе го паметам како ден на личен успех!

На Скопје му требааат чесни, искрени, и луѓе со карактер, со цртство свое ЈАС!!!“

Previous articleГаздите на дискотеките се зakaнија: Ќе почнат со граѓанска непослушност и на своја рака ќе ги отворат клубовите
Next articleМицкоски го праша Заев што измете со метлата која ја доби на подарок