Home News ФОКУС: Дали Заев најавува оставка ако ВМРО го добие Скопје и други...

ФОКУС: Дали Заев најавува оставка ако ВМРО го добие Скопје и други поголеми општини?

По пресот на премиерот Заев вчера, се развија полемики низ медиумите, дали Заев најави оставка, доколку во вториот круг од изборите го изгубат градот Скопје. Заев вчера меѓудругото рече:

„…почитувани граѓани, со чист образ, сакам да побарам од вас да дадете шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат кон минатото.

Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел. Да се обединиме, сите, слободоумни, критички, демократски, европски, напредни сили.

Во име на се што постигнавме досега, сакам да пратам порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, во огромна неизвесност и криза.

Повикувам да се обединиме за да продолжиме напред. Да излеземе и да гласаме за нашите села и градови, за нашата земја, да продолжат да се движат напред. За сите наши градови. Не заборавајте, во вториот круг сме во 40 општини меѓу кои и во Градот Скопје.

А, Скопје ја влече земјата напред. Скопје е наше, на сите. Пред се на скопјани, но и на сите други, на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и другите… на сите кои живеат, но и сите кои поминуваат низ него. Нема напредок ако Скопје продолжи назад.

Затоа народе мој, 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми.

31 октомври е избор каде оди државата. А, може ли државата да оди напред, ако Скопје почне да влече назад? Може ли државата да оди напред ако во Скопје се вратат нови галии, жални врби и нов кичерај?

Мојата влада, нашата влада може да води напред само ако и Скопје влече напред. Така бидува напредок, така бидува развој.

Затоа, повикувам да се обединиме и на 31 октомври да гласаме: за да живееме во слобода и демократија, со власт која слуша и се коригира, а не со власт која е режим и пред кој народот молчи.

За да продолжи растот на платите, пензиите, стипендиите и социјалната помош, за парите да одат кај граѓаните, во развојот, во мостови, железници, во булевари и водоводи, а не во спомениците, во галиите и во кичерајот.

Заради интеграцијата, членството во НАТО кое заедно го остваривме и за да продолжиме по европскиот пат за кој сме цврсто определени, наместо за нова неизвесност, кавги и поделби, и внатре и со соседите.

За општини каде се градат патишта, сообраќајници, училишта, градинки, гасоводи, а не за шпански скали, споменици, жални врби, галии и барокни фасади од стиропор

Да се обединиме околу идејата и коалицијата која води напред, во иднина, кон НАТО, кон ЕУ, кон подобар живот и слободно утре. Ние знаеме како тоа да го овозможиме.
Обединети!“

Порталот „Фокус“ објави дкеа денес го прашаче Заев дали неговиот вчерашен одговор значи дека ако опозицијата победи во повеќето општини и Скопје, тој ќе си даде оставка од функцијата премиер и претседател на партијата. Заев не одговорил конкретно:

– Вчера кажав што имам да кажам и мислам дека беше многу јасно. Немам што да додадам, кратко одговорил Заев за Фокус.

Previous articleПознатата докторка Ана Глигиќ раскажа како се cпаcила од вирусот
Next articleКолозова кажа за кого ќе гласа во вториот круг: Да, “ќути, може и полошо” ми е аргументот