Home News Ѓорѓи Спасов: Навивам за избор на Шилегов, искрено

Ѓорѓи Спасов: Навивам за избор на Шилегов, искрено

Се уште актуелниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, во гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија запрашан зошто очекува победа во вториот круг рече дека верува дека разумот ќе го надвладее гневот кај граѓаните кои во првиот круг одлучија да не гласаат.

„Јас се надевам на сојуз со граѓаните. Верувам дека овие политики кои ги креиравме во последните четири години граѓаните ги препознаваат.

Се надевам дека гневот кој граѓаните го искажаа кон нас во првиот изборен круг нема да го надвладее разумот и во вториот.

Бидејќи сега останаа само две опции за избор, една која влече напред и го развива овој град веќе четири години и опција која ќе го врати градот назад“ – рече градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот истакна дека во изминатите денови добил многу пораки од граѓани кои му кажале дека сакале да го искажат својот протест но дека немале намера да се случи тоа што се случи.

„Првиот изборен круг беше сериозен излив на гнев, меѓутоа доволно се мудри и паметни нашите граѓани да знаат да ја направат разликата во вториот круг.

Во изминатите неколку денови добив многу пораки од луѓе со кои што сум комуницирал, кои што велат, што направивме, не ни беше тоа намерата.

И навистина има такви многу луѓе кои заслужено сакаат на тој начин да го покажат својот протест, но ни самите не веруваат дека се случи тоа што се случи. Верувам дека сите овие ќе излезат и ќе гласаат во вториот круг“ заврши Шилегов.

Неговиот вечерашен настап го прокоментира поранешниот министер во Владите на СДСМ, Ѓорѓи Спасов:

Шилегов разборито и компетентно. Треба да се погледа.

Со одлична поента и надеж дека разумот граѓаните во вториот круг од гласањето ќе го надвладее гневот од првиот круг. Навивам за негов избор искрено.

 

Previous articleЗаев: Гласовите на ЛДП, ДОМ и Ана Петровска се НАШИ гласови, не се на ДПМНЕ (ВИДЕО)
Next articleВаско Ефтов: Да бев на местото на Зоран Заев, на 18. сабајле на клоци ќе ги исфрлев Спасови од СДСМ