Home News Иван Иванов: Време е да се ПОМАКЕДОНЧИМЕ

Иван Иванов: Време е да се ПОМАКЕДОНЧИМЕ

Синот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, неодамна ја издаде својата прва стихозбирка „Невино време“.

Иванов освен поезијата, е голем вљубеник и во музиката, а преку пишаниот збор, често знае да проговори и за политиката. Во своја килумна за анализа.мк, неодамна Иванов меѓудругото напиша:

„…Македонскиот народ одново ја загуби својата Република, но не и Татковината. Татковината е метафизички концепт и ни една злотворска рака не може да ја осквернави. Републичките уредувања ни се менувале. Ни калемеле туѓи вредности, туѓи пароли, туѓи зборови.

Ни калемеле “живот” кои не ни припаѓал нам, оти не извирал од нашата нескротлива порив за достоинство и непокор.

Ништо повеќе не сме барале а и сега не бараме, оти и “ние имаме право да живејме како и другите живот што живеат.” И сето тоа било благодарение на љубовта кон Татковината.

Какво и да ни било окружувањето, чија ли чизма да не газела, чии отрови да сме пиеле, чии туѓи јазици да сме говореле, сме ја чувале Татковината во себе и сме сонувале за своја Република. И да ни ги уб-ивале републиките, татковината не можеле. И не можат. Оти овде, таа е синоним за душа. Таа е синоним за чест. Без неа, немаме почит кон себе. А и не треба да бараме почит од другите.

Оти достоинството наспрема себе го создава позитивниот однос на другите кон тебе, рече Конфуциј. И да не жалиме кога другите не нè почитуваат оти ние самите себе не се почитуваме и сакаме доволно. И така… Републиката нè напушти. Повторно.

Нè напушти затоа што некој реши да ја убие, а народот гледаше од страна. Можеби гледаше и низ неа. Низ сопствената погибија. Таа сега почива во немир осквpрнавена до бол. Нејзе и ја зедоа снагата, нам ни ги сотреа идеалите. Оние на прародителите. Најсветите. Или можеби не ги сотреа. Само ги заспаа и заплашија. Сакам да верувам дека е така.“

Иванов денес гостуваше во утринска емисија на Сител телевизија и говореше за својата книга, но на прашање на новинарката проговори и на политички теми.

-Мојот татко се надеваше дека неговото дете конечно ќе живее во една држава. Јас сум врсник на оваа држава и морам за жал да констатирам дека јас веќе живеам во втора држава која искрено не ја сметам за држава.

Некој си доволи да ни го укpаде минатото. Ние дозволивме еден Кочо Рацин да ни отиде во изборна литература заедно со Хари Потер, тоа е исто како Бајрон да им го ставите во изборна литература на Британците.

Се надевам дека граѓаните конечно ќе се помакедончат и ќе ја подобриме сегашноста, бидејќи оваа денешнина ќе биде минато за некои идни генерации. Ни недостига само малку лудост, вели Иван Иванов.

Често ни велат дека ние живееме во минатото, но не, како што вели мојот татко, ние не живееме во минатото, туку со минатото. Тој се гордее и го вреднува тоа минато, за идните генерации да имаат подобра иднина, рече Иван Иванов.

Previous articleДанела денес се возеше во автобус: Не ми беше пријатно, има многу дупки и нерамни шахти (ВИДЕО)
Next articleПисмо од д-р Никола Стојановски, учесник во НОБ и прв претседавач на Собранието до Заев