Home News Колозова кажа за кого ќе гласа во вториот круг: Да, “ќути, може...

Колозова кажа за кого ќе гласа во вториот круг: Да, “ќути, може и полошо” ми е аргументот

Статус на Катерина Колозова: Сега дознав дека Даниела се викала Данела, кандидатката за градоначалник на Скопје.

Пази ни името не сум и’ го запамтила. Вака, може да ме наречете пак прикриена СДСМ-овка, но фактите се следниве: дадов потпис за ЗХГ, и за цело време ги поддржував, на општинско ниво за градоначалник го поддржав кандидатот на ВМРО, но на ниво на Град Скопје, извинете, не можам Данела да ја поддржам.

Доволна ми е една причина – најголемата енергија како активист што сум ја вложила од моја 19 годишна возраст е таа за правата на животните, а ЈП Лајка е стационарот за каков се борев цел живот.

Да, направен со доцнење, да – не стерилизираа две години, НО конечно, еве, го има во формата во каква сите ние што крв плукавме во битки за овие прашања од 1992 до денес сакавме да го видиме.

Е сега, Данела дава изјава пред некоја недела која покажува дека нема поим дека “Лајка” постои и што точно прави. Второ, го памтам Вардариште од ВМРОвска ера.

Значи, само ова ми е доволно во втор круг да гласам за Шилегов (пошто Ана од ЗХГ не можам). И вака, активистите се во право кога викаат дека “Лајка” може и подобро, но со Данела “Лајка” само на полошо ќе оди.

А не па уште и да координира општински стационари да се отвараат.

Толку од мене: да, “ќути, може и полошо” ми е аргументот, но да – може, и тоа ми е стравот, и од таму и ставот.

ПС плус супер списание поддржал, плус направи нешто за споменот на Колозов.. ете, тоа ми се, пак, личните причини.“

Previous articleФОКУС: Дали Заев најавува оставка ако ВМРО го добие Скопје и други поголеми општини?
Next articleНајпознатиот српски епидемиолог Кон: Во 17 часот да се затвора сè што не е неопходно