Home News Спасов: Апасиев не е Ципрас – неговиот жмигавец трепка кон Русија

Спасов: Апасиев не е Ципрас – неговиот жмигавец трепка кон Русија

Димитар Апасиев и неговата Левица, полека но сигурно се профилираа во трета политчка cила во земјава, во македонскиот кампус, со тенденција да одат напред.

Оттука, сосема разбирливо е размислувањето и давањето негативни сигнали кон повиците од власта и опозицијата, Левица да даде поддршка за една од двете опции.

Доколку влезат во коалиција, тие би го оправдале епитетот „приврзок“ (кој сега им се лепи) на едната или другата партија и нивната популарност би се намалила.

Токму затоа, за аналитичарите не е изненадување патот кој го одбра Левица, самостоен настап на изборите, до моментот кога би станале вистинска алтернатива за големите партии.

Во таа насока беше и статусот на Апасиев од пред три дена, во кој тој предвидува „пасокизација“ во земјава, алудирајќи на случувањата во Грција од пред неколку години, кога местото на ПАСОК го зазеде Сириза на Ципрас.

„На овие историски избори, десницата се консолидираше. А на левиот политички простор, конечно се оствари нашето пророштво – започна толку посакуваната ПАСОКИЗАЦИЈА на СДС на Нашата Земја.

Епа аj, на примерот на Аеродром, попластично да ви го објаснам политичкиот феномен на пасокизацијата:

-СДС (+20 партии во коалиција) = 25% гласови.

-ЛЕВИЦА (сама) = 18% гласови.

Значи, можете да претпоставите шо би се десило да сме у комбинација „сам на сам“ (Левица vs СДС), напиша Димитар Апасеив на својот профил на социјалните мрежи.

Му одговори професорот Ѓорѓи Спасов, поранешен висок функционер на СДСМ:

„Мојата чудна Македонија. Јакнела “Левица”. А ние со анти нато и про Мадуро “Левица” одиме на десно.

Апасиев не е Ципрас. Со него нема да се случува “пасокизација”. (да јакне нашиот “Пасок” на сметка на СДСМ”)
Апасиев е наш Волен Сидоров од бугарска “Атака” а “Левица” е нашата грчка “Зора”.

Тоа се партии и лидери кои даваат анти нато и проруски жмигавец лево а вртат кон десно и кон најнедемократските десничарски режими чиј слоган е “Сите ќе ги бесиме” за ништо не одговараме.

Си имаат секаде своја публика која бавно се отрезнува. Но и исчезнуваат бргу откако ќе направат мал хаос и голема штета.“

Previous articleУЛТИМАТУМ: Најчевска кажа што треба да направи Заев, за да ја добие поддршката
Next articleПознатата докторка Ана Глигиќ раскажа како се cпаcила од вирусот