Home News Васко Ефтов: Да бев на местото на Зоран Заев, на 18. сабајле...

Васко Ефтов: Да бев на местото на Зоран Заев, на 18. сабајле на клоци ќе ги исфрлев Спасови од СДСМ

Новинарот Васко Ефтов во својата најнова анализа синоќа, на неговиот канал на социјалните мрежи, правеше анализа на неделните локални избори.

Тој на почетокот упати честитки до новоизбраните градоначалници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, која е победничка партија на овие избори.

Васко Ефтов го потенцираше фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не беше толку добро, коллку што СДСМ беше лош на овие избори, односно, како што нагласи Ефтов, ВМРО освои дури и помалку гласови од последните изборни циклуси.

Васко Ефтов стави акцент на ката-строфал-ниот настап на СДСМ, односно, се обиде да разјасни, кој според него ја направил оваа брилијантна стратегија за победа на опозицијата на локалните избори.

Прво, Ефтов потенцираше дека Зоран Заев дозволил кој сака од неговата коалиција да истакне свои листи и на тој начин да му се одлеат гласови. Кој го излажал дека независните и листите на партиите од неговата коалиција, нема да му влијаат на резултатот, се запраша Ефтов.

Потоа, Васко Ефтов рече дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се заштитила максимално и лидерот на оваа партија имал средби дури и со членови на таканаречената „Мериот“ коалиција, се со цел да нема ниту една листа која би му одзела гласови.

Не само што немаше таква листа, туку луѓе на Ивица Коневски дури и работеа во кампањата на Тимчо Муцунски во Аеродром, вели Васко Ефтов, притоа честитајќи им на опозицијата за маестралната стратегија.

Како мозок на сите овие стратегии, Васко Ефтов го посочува поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој според него сака да го тргне Зоран Заев од кормилото на СДСМ, поради нивни несогласувања.

-Екипата на Бранко Црвенковски направи проценка дека доколку се обидат тие да направат партија или листи, ќе поминат неславно, ќе освојат само околу дваесеттина илјади гласови. Поради тоа одличиле со подземни игри, суптилно да му помогнат на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ефтов.

Точно е дијагностицирано кои се слабите точки на Заев, каде треба да се делува и таму е делувано, а тоа се Скопје, Битола преку Горан Милевски од ЛДП, но и Тетово, каде Билал Касами се бори за градоначалничка функција, рече Ефтов.

Но, за сето ова, Зоран Заев требало да биде предупреден, вели Ефтов и тоа од тие кои му ја водат ПР стратегијата. Тоа се пред сè Марјан Забрчанец и таткото и синот Спасови, кои ги прават анкетите за СДСМ, кои според Ефтов овојпат затаиле.

Но дали затаиле случајно или намерно, се прашува Ефтов и потсетува дека Ѓорѓи Спасов, според него е близок соработник на Бранко Црвенковски.

-Јас да сум Зоран Заев, во понеделникот на 18. октомври, ден по изборите, на клоци ќе ги стерав Забрчанец и Спасови од СДСМ, рече Ефтов, чија анализа можете да ја погледнете на линкот подолу.

 

Previous articleЃорѓи Спасов: Навивам за избор на Шилегов, искрено
Next articleМашински инженер од Скопје со маестрален текст ги демаскираше мегаломанските ветувања кои кандидатите им ги даваат на граѓаните