Home News Заев: Гласовите на ЛДП, ДОМ и Ана Петровска се НАШИ гласови, не...

Заев: Гласовите на ЛДП, ДОМ и Ана Петровска се НАШИ гласови, не се на ДПМНЕ (ВИДЕО)

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев испрати порака до членството на партијата во која бара мобилност, разговори со граѓаните, уважување на сечиј став и повик за обединување во пресрет на вториот круг на локалните избори на 31 октомври.

Другари и другарки, СДСМ е во акција! – Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам од секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред.

Ваш З. Заев, гласи СМС пораката на претседателот на владеачката партија до членството, а треба да биде потстрек за мобилизација на партиските структури во пресрет на вториот изборен круг.

Вечрева, претседателот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека гласовите на ЛДП, ДОМ, Ана Петровска или Независните не се гласови на ВМРО-ДПМНЕ, туку нивни.

„Кандидатот на ЛДП, ДОМ, Ана Петровска, други независни кандидати околу 25/26 илјади гласови еве каде се, тие не припаѓаат никако на ВМРО-ДПМНЕ.

По филозофија на определба на граѓаните гласачи, на карактерот на тие луѓе, тие дури одат и чекор натаму од СДСМ.

Тие водат специфични политики, дали се тоа либерално зелени или само зелени политики.

Да, тоа се од нашите политики, но тие се генерални заради тоа што и поголема партија, поголема политичка опција.

Тие гласови се тука, тие се наши гласови“, истакна Зоран Заев.

Тој додава дека вториот дел од гласовите, останале дома.

Previous articleХристијан: Заев во овие 5 години, 3 пати рече дека ја разбрал пораката од граѓаните и никако да ја разбере
Next articleЃорѓи Спасов: Навивам за избор на Шилегов, искрено